ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Имаме јасен план за стабилизација на ФК Победа!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Состојбата со ФК Победа беше тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на која говореше Златко Рикалоски, инаку советник во Советот на Општина Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

„Денеска нема да зборуваме  „само за спорт“. Ќе зборуваме за симболот на Прилеп, ФК Победа, со факти и докази. Во време кога локалната самоуправа беше предводена од СДСМ, тогашната власт во 2019 година, уверуваше дека преземањето од Општината е „чекор за спас“ и дека ќе следува инвеститор, стабилизација и развој. Денес гледаме што остана од тие ветувања, финансиски хаос и кадровски распад. Ние во тоа време како опозиција предупредувавме дека моделот што го туркаат е ризичен и нетранспарентен. Денес, за жал, времето покажа дека бевме во право. Прашањето е едноставно: Зошто, и покрај предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ управувањето на Акционерското друштво ФК Победа беше препуштено на неадекватни и некомпететни лица, без јасни механизми на контрола и менаџирање со клубот.  Кој гарантираше за нив? И врз основа на што? Дополнително, во јавноста сега со право се поставуваат прашања за однесувањето на одредени советници кои денес глумат загриженост, а истовремено се поврзуваат со судски постапки во минатото и побарувања кон клубот. Прашуваме, доколку ваква постапка е во тек, дали тужбата ќе биде повлечена поради љубов кон Победа или ќе преовладува финансискиот и личниот интерес? Да ги расчистиме лагите. Невистинити се тврдењата дека Општина Прилеп не се грижи за Победа и дека не бара решение за излез од оваа состојба  во која се наоѓа фудбалскиот симбол на Прилеп! Од 2018 година Општина Прилеп до денес исплатила: – 4.400.000 денари за струја, – 8.800.000 денари за вода и поправки, – над 12.000.000 денари директна финансиска поддршка преку јавни повици, дополнително на ова и редовното одржување на стадионот и инфраструктурата. Ова се факти и реални бројки. Општината не ја оставила Победа. Некој друг ја доведе во оваа состојба, токму оние на кои СДСМ им ја препушти без сериозна контрола. Доста е од манипулации! Доста е и од обиди за собирање ситни политички поени на грбот на Победа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи симболот на градот да биде жртва на туѓи политички експерименти. Имаме јасен план за стабилизација. ФК Победа ќе се консолидира и ќе се врати каде што припаѓа, во врвот на македонскиот фудбал. Одговорност мора да има! Доколку има финансиски пропусти и нерегуларности во работењето или било какви манипулации и злоупотреба со финансиите, секој што се огрешил ќе одговара. Политиката е минлива. Победа е вечна! Победа нема да згасне! Затоа, сега не е време за собирање ситнополитички поени, сега е време за заедништво, за поддршка, за верба и доверба,“посочи Рикалоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...