Голем одзив на заедничката крводарителска акција од Ротари и Лајанс клубовите во Прилеп  

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со заеднички сили денеска двата клуба Ротари и Лајонс организираа крводарителска акција која што наиде на голем одзив кај прилепчани. Ова е по ред 17 та заедничка акција која што предизвика 80 тина крводарители да се пријават за дарување на најдрагоцената течност.

– Ова е заедничка активност и целта е да придонесеме во заедницата за вакви крводарителски акции. Во случајот се работи за хуманост од една голема група на луѓе. Ние сме презадоволни од одзивот оваа година, иако секоја година одзивот е се’ поголем,“ вели Кирил Ристески  од Ротари Клуб Прилеп.

Заедничкото делување на двата клуба е одраз на целите од организациите  – да се делува добротворно и хумано во заедницата.

Бидејќи, целта ни е иста на двете организацији, на Ротари организацијата и на Lions Clubs International – хуманитарноста, хуманоста, помагање во сите области кога што има потреба. Ние, бидејќи соработуваме во многу работи, решивме, барем, оваа цел да не биде заедничка. Значи, на тој начин можеме со своето присуство, со своето делување како организации, да ја подигнеме свеста и да ги направиме овие организации повидливи и подостапни за граѓаните, посочи Весна Пацаноска од Лајонс клуб Прилеп.

Ротари и Лајонс се глобални организации кои делуваат во своите локални заедници за помош и поддршка со организација на добротворни акции за обезбедување на опрема и помош во здравството, во образованието и секаде каде што е потребно за развој на локално ниво.

Акцијата се одржа во ресторанот Алтан Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Прилеп и ЕУ ќе ги развиваат потенцијалите во економијата, инфраструктурата и туризмот

Европската Унија ја препознава улогата на предводник на Прилеп во реализација на проектите за заштита на животната средина, но во иднина ќе се развиваат потенцијалите на општината во економијата, подобрување на инфраструктурата и развој на туризмот, беа главните поенти од денешната посета на амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија Михалис...

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

Големи попусти во НЕПТУН Прилеп Реотворање на продавницата НЕПТУН ВО ПРИЛЕП во Катната гаража кај старата автобуска станица на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“ бр.61 Б. Од 25 ти февруари до 28 ми февруари пазарете во Нептун Прилеп и добијте до 50% попуст на се’!!! По повод реотворањето на продавницата купувачите ќе...

Комитски марш – 140 години од битката на четата на Коне Павлев кај манастирот Св. Архангел на Варош

Културно истражувачкиот документациски центар „Калеш Анѓа“ за Мариово и Планинарското друштво „Јане Сандански“ Прилеп организираат чествување по повод 140 години од битката на четата на Коне Павлев и неговото загинување кај манастирот Свети Архангел Михаел на Варош. Комитскиот марш е планиран како културно-туристичка планинарска тура да се реализира в недела,...