„Тримир“ женски празник кој се негува во Прилеп – Традицијата ја негува здружението „Преродба“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Здружението на жени „Преродба“ во рамките на негувањеоо на обичаите и вековната традиција при одбележување на празниците, го одбележа и „Тримир“, празник кој се слави на третиот ден по Прочка.   

„Тримир или Тримири е женски празник. Ние во Прилеп го славиме навистина богато. Го славиме со векови, а како здружение , кое слави оваа година 20 години од постоењето, се обидуваме сите обичаи поврзани празниците, па и со овој празник,  кои сме ги презеле од нашите баби, мајки да ги зачуваме и да ги предадеме на идните грнерации. Се надеваме дека традицијата и обичаите кои ги носи овој празник ќе ги продолжат и генерациите по нас. Празникот ја манифестира љубовта, бидејќи овој празник е посветен на верените девојки или младите невести.“, вели претседателката  на здружението „Преродба“, Лилјана Ѓорѓиоска.

Пораката на овој празник е љубовта, среќа на младенците кои таа година се вериле или стапиле во брак, успех во живототи плодност.

„На овој празник се оди кај мајките на невестите, каде се поканети роднини и пријатели. Се носат подароци, се пеат песни,  се кажувале непристојни вицеви, но тоа е собир на жени. Некогаш оваа женска заедничка дружба била единствен начин да се соберат жените, кои најчесто биле домаќинки. Денес дружбата е речиси иста, се ужива во заедничката средба, со песна и со богатата посна трпеза. Младите се канат кај мајките за да бидат благословени од нив, за да имаат дечиња и да се зголемува фамилијата со нов пород.“ вели Марија, од здружението Преродба.

Карактеристично за Тримир е што трпезате е богата со посни јадења .

Но, во Прилеп, покрај другите “гурманлаци”, се приготвува и таканаречената “бела пченица од конопни зрна” чиј рецепт се практикува со децении без никакви видозименувања и љубоморно се чува како прилепска традиција.

„Овие јадења се подготвуваат на Тримир: посно гравче, сарма посна од зелка со големина на лешник, кравјаче, погача, на трпезта треба да има овошје, голем број на благи десерти, компоти од овошје, зелници од спанаѓ, со фил од кромид и печурки, боза..Но, најважно што се нуди е пченица подготвена од конопни зрна што е прилепски адет и специјалитет за тримири, а каректиеристично е што течноста во пченицата е бела како млеко. Се подготвува така што од вечер се вари пченицата, а конопните зрна се оставаат да киснат во вода.Утрото,  пченицата се мели. Во конопните зрна се става топла вода, се ицедува течноста да биде бела и заедно се мешаат и пченицата, и конопните зрна и тоа е белег на прилепскиот тримир „ – рече Ленче, членка на здружението „Преродба„

ТРИМИР значи тридневен пост во нејадење и непиење. Не се пије ниту вода,велат оние кои “држат“ Тримир

Во целиот тримирски чин, особено се респектирани оние кои “држеле” Тримир. Бидејќи, по Прочка почнуваат Велигденските пости, адет е три дена по Прочка да не се јаде, ниту вода да се пие .Тој што тоа ќе го издржи, тоа се смета благословен во текот на целата година. А, во средата на Литургијата на предходно осветените дарови оние кои држеле Тримир се причестуваат .
Кој што „држи Тримир“ му доаѓаат канети гости и нему му се носат подароци, боза, портокали од овошје и благи посни десерти

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Продолжува врнежливото време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен...

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето...

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко. Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”. „ ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод...