Како Кочани живее со трагичните сеќавања – и продолжува понатаму, гледано низ призмата на психологот Јовановска Стојановска…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Речиси една година по трагедијата што го потресе Кочани, прашањата поврзани со психолошките последици и процесот на закрепнување и понатаму се значајни за жителите на општината.

Во рамки на проектот „Живот по трагедијата во Кочани“ разговаравме со претседателката на Секцијата на кризни интервенци при Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска, за тоа како заедницата се справува со последиците од настанот и каква поддршка е потребна на долг рок.

Во разговорот се отвораат теми за најчестите психолошки реакции по трауматски настан, можноста тие да се појават и со временска дистанца, како и за важноста од навремено препознавање на потребата од стручна помош.

Зборувавме и за улогата на институциите во обезбедување континуирана психосоцијална поддршка, како и за значењето на Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка за Кочани и источниот регион.

Јовановска Стојановска посочува дека закрепнувањето е индивидуален процес и дека различни луѓе различно се справуваат со траумата.

Дел од граѓаните веќе се враќаат на вообичаеното секојдневие, додека кај други процесот трае подолго и бара дополнителна поддршка.

Токму затоа, достапноста на професионална помош и континуираната грижа за менталното здравје остануваат клучни аспекти во периодот по вакви настани.

Во продолжение погледнете го видео разговорот:

Д.Николов

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Виничанец давал кокаин на малолетници од Македонска Каменица…

Кривична пријава против виничанец: На малолетник од Македонска Каменица му овозможил употреба на кокаин Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.К. (22) од Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Инцидентот се случил на 31 октомври 2025 година во Македонска Каменица, кога

Донирани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација за Општата болница – Кочани

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно”, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација. Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо

Burger District – Еднаш пробуваш, засекогаш се враќаш!

Ново во Кочани – „Бургер Дистрикт“ кај нас ќе пронајдете класични и смеш бургери, крцкаво пржено пилешко и пилешки бургери, подготвени од свежи и внимателно одбрани состојки. Не пропуштајте го специјалитетот – бургер со карамелизиран кромид, за уникатна арома и сочност во секој залак. За најмалите – детско мени со мини бургери, а утринското мени