Донирани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација за Општата болница – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно”, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.

Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Според Фондацијата, со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.

Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан велат од Фондацијата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат