Во прва официјална посета на Општина Прилеп, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас утре 25 февруари. Според известувањето, амбасадорот на Европската Унија ќе ја посети општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Посетата ќе започне со средба меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Дејан Проданоски, а потоа со членовите на Општинскиот совет. Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот. Амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и Младинскиот совет во Општина Прилеп, стои во известувањето од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Во рамките на посетата предвидени се изјави за медиумите









