ФК Победа пред советниците

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Повеќе од еден час советниците расправаа за состојбата со ФК Победа по предлог на советникот од Левица, Жарко Стеваноски, кој достави „предлог – заклучок за интервенција до ЕЛС Општина Прилеп во решавањето на статусот на Друштвото за спортски активности Фудбалски клуб Победа АД Прилеп“, со порака: „ФК Победа не смее да згасне“.

„Со ваква трансформација би се овозможил континуитет во постоењето и натпреварувањето на клубот, како и контролирано и транспарентно финансиско работење под надзор на Општина Прилеп.“ објасни советникот пред советниците.

Пред неколку дена и советниците на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Прилеп доставија барање за итна седница за истата состојба со ФК Победа.

По предлог точката, на седницата се дискутираше за важноста од постоењето на ФК Победа, опозицијата образложуваше со свои ставови, предлози, но предлог иницијативата не се најде како точка на дневниот ред со гласање на мнозинство гласови од Советот на Општина Прилеп.

Претседателот на Советот на Општина Прилеп за непоставување на оваа точка на дневниот ред образложи:

„Во однос на поднесеното барање на член на советот, г-н Жарко Стеваноски, за ставање на точка на дневен ред „Предлог-заклучок за интервенција ЕЛС Општина Прилеп во решавањето на статусот на Друштвото за спортски активности Фудбалски клуб Победа АД Прилеп“, според законската регулатива, Советот на Општина одлучува за прашања од локално занчање, истовремено согласно Законот за спорт општината има ингеренции во делот за развој и поддршка на спортот, но нема законска обврска да интервенира во управувањето на статусните прашања и работењето на трговските друштва.

ФК Победа функционира како акционерско друштво, односно правен субјект организиран за трговски друштва, и, како такво не пртставува установа која е основана од Општината, ниту е под надлежност на Советот на Општина Прилеп.

Оттука, Советот нема законска основа да донесува заклучоци со кои би се интервенирало и влијаело на статусните, управувачките и организациските прашања на едно акционерско друштво. Основниот, единствен основ за евентуална поддршка од страна на Општината во областа на спортот е преку јавен повик за финансирање на програми и проекти на здруженија и спортски субјекти, согласно важечкиот правилник и програмата за спорт, со подеднакви услови за сите апликанти.“  образложи Претсетаделката на Совет на Општина Прилеп, Билјана Кржеска и ја стави точката на дневен ред за гласање.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас утре во посета на Прилеп

Во прва официјална посета на Општина Прилеп, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас утре 25 февруари. Според известувањето, амбасадорот на Европската Унија ќе ја посети општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Во...

(ВИДЕО) Огнените јазици за час ја пеплосаа куќата кога семејството било на молитва

Огнените јазици за час ја пеплосаа куќата на Музафер Неџипоски, кај Дабнички Завој во населбата Тризла во Прилеп кога семјството било на молитва во џамијата. Наводно како причина се наведува дека пожарот започнал од оџакот. ТППЕ – Прилеп стигнала навремено, велат соседите, но поради паркираните автомобили на улицата не била...

Седница на Совет на Совет на Општина Прилеп – Нови критериуми за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти

Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема и користење на површина пред деловен објект на подрачјето на општина Прилеп беше тема на дискусија на денешната седница на Совет на Општина Прилеп. Дискусијата се одвиваше во насока на начиниот „како ќе се применува програмата“  – „ќе...