Отчет 100 дена локална власт Општина Зрновци…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Драги граѓани на општина Зрновци,

Првите 100 дена од мојот мандат како градоначалник на нашата општина претставуваат период на интензивна работа, посветеност и јасно поставени приоритети за нејзин понатамошен развој. Од самиот почеток си поставив задача да изградиме пофункционална, поодговорна и транспарентна локална самоуправа која ќе биде во целосна служба на вас, жителите на Зрновци.
Во овој почетен период, заедно со вработените извршивме детална анализа на затекнатата состојба во општината, направивме ревизија на тековните проекти и ги преиспитавме приоритетите, секогаш имајќи го предвид вашиот интерес. Особено внимание посветивме на тоа да бидам што подостапен за вас, да можете директно да ми ги пренесете вашите проблеми, сугестии и идеи, а општинската администрација да биде поотворена и поуслужна.
Започнавме и реализиравме активности за подобрување на локалната инфраструктура, уредување и одржување на јавните површини и подигнување на квалитетот на комуналните услуги кои секојдневно ги користите. Паралелно со тоа, започнавме подготовка на нови проекти насочени кон локалниот економски развој, поддршка на земјоделците и создавање подобри услови за младите да останат и да го градат својот живот тука, во нашата општина.
Посебен акцент ставивме на одговорното управување со општинскиот буџет, со цел секој денар од јавните средства да биде потрошен домаќински, рационално и транспарентно. Работиме на подобрување на финансиската дисциплина и воведување јасни критериуми за избор и реализација на проекти кои се од јавен интерес и кои директно ќе го подобрат вашиот секојдневен живот.
Овие први 100 дена се само почеток на подолг процес на позитивни промени во општина Зрновци. Со јасна визија, искрена посветеност, отвореност кон вас и континуирана работа, верувам дека заедно можеме да изградиме поуредена, поразвиена и посилна локална заедница, во која Вашиот интерес секогаш ќе биде на прво место.

Реализирани инфраструктурни проекти:
• Проект: Ул. „Гоце Делчев“ с.Зрновци во должина од 350м. Средствата се од Буџетот на општина Зрновци.
• Проект: Реконструкција на општинска улица, дел од ул.„Илија Танев“ и дел од ул.„Димчо Петров“ во с.Мородвис. Должина 460м. Проектна вредност на проектот: 3.699.288 мкд со вклучен ДДВ. Средствата се од Министерството за транспорт.
• Проект: Реконструкција на локален пат од с.Видовиште до Гробишта и крак с.Видовиште до М.В. „Крстот“, с.Видовиште. Вкупна должина 520м. Проектна вредност со вклучен ДДВ: 4.166.798 мкд. Средствата се од Министерство за транспорт.
• Проект: Изградба на локален пат од М.В. „Циганско маало“ до М.В.„Тшлк“, с.Зрновци. Должина 1.133м. Проектна вредност со вклучен ДДВ: 11.116.080 мкд. Средствата се од Вториот повик за проекти на Владата на РСМ.

Проекти во реализација:
• Проект: Локален пат од М.В.„Оризни гумна“ до М.В. „Друмот“ с.Видовиште. Проектот се реализира во рамки на Вториот повик за инфраструктурни проекти од Владата на РСМ. Проектот е со вредност од 5.302.620 мкд без ДДВ.
• Проект: WiFi4WB – проект за обезбедување на бесплатен, брз интернет пристап во централното јадро на с.Зрновци. Проектот е финансиран од страна на EU4Digital кофинансиран од ЕУ ,Германска влада и општина Зрновци.
• Проект: Дигитализација и мапирање на локалните патишта. проект финансиран од Министерството за транспорт и Светска банка.

Затечени обврски на приемот по разни основи: ( во мкд)
– Обврски спрема разни добавувачи 11.103.944
– Обврски за стипендии на ученици и студенти 250.000
– Обврски по Решенија за новородени деца 10.000 денари
– Пресметка на камата за задоцнето плаќање 1.144.597
ВКУПНО 12.513.541

Досега подмирени долгови и обврски:
– Обврски спрема разни добавувачи 1.946.316
– Обврски за стипендии на ученици 250.000
– Обврски по Решенија за новородени дечиња 10.000
– Камата за задоцнето плаќање 1.144.597
ВКУПНО 3.350.913

Продолжуваме и понатаму, одговорно и посветено да работиме за подобро утро на граѓаните на општина Зрновци, притоа искористувајќи ги сите расположливи ресурси.

 

Ванчо Митев Градоначалник на општина Зрновци

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Д-р Лазаров: Не сме далеку од целта, донирајте за Ивана, можеме заедно!

Докторот Ненад Лазаров утрово на својот ФБ профил објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, при што денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела. Докторот Лазаров сподели и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош. Од дното на

Саем на книгата 2026 – Литературен портрет на авторката Ленче Стоименова

На Саемот на книгата денеска беше претставен книжевен портрет на Ленче Стоименова, авторка од Кочани, најнаградувана жена афористичар во земјава, која има објавено петнаесетина книги од разни жанрови. Стоименова (1958) пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви и црта карикатури. Соработувала со единствениот весник за хумор

АДИНГ – Компанија со 57 годишна традиција во градежништвото

АДИНГ –  македонска компанија за градежни материјали со 55 годишна традиција, побарајте ги во Градежен центар – КУЗЕ 2000 Кочани! Се на едно место од докажано најквалитетниот бренд на пазарот и тоа: – СТИРОКОЛ – најквалитетните лепила за стиропор – ХИДРОФАС и АДИНГФАС – најтрајните фасадни абриби – ХИДРОКОЛ –  најсилните лепила за керамика на