Пожар избувнал ноќеска во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 22 февруари 2026 година во 02:35 часот, во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа во која во моментот немало присутни лица.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Кочани, при што се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









