Двајца возачи од Кочани управувале возило под дејство на алкохол, при што им биле измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола претставува сериозна закана за безбедноста на сите граѓани.
Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









