(ВИДЕО)Прилеп: Македонските земјоделци бараат ревидирање на Програмата за субвенционирање

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилеп земјоделци, сточари, тутунари, пчелари, лозари, поледелци од цела Македонија денеска дискутираа за финансиската државна поддршка – субвенционирањето за македонскиот аграр, што значи доцнењето во исплатата на субвенциите од претходните години и предлози за моделот на финансиска поддршка за тековната година. Имаат забелешки за висината на субвенции, како и на моделот за исполнувањето на условите за добивање на финансиска поддршка. Велат дека државата годинава има историски највисок Буџет, но константно поддршката за земјоделството е на ниво од 100 милиони евра, а со годинешната програма таа се намалува бидејќи има дополнителни услови. Со намалени субвенции и изострени критериуми за квалификување за државна помош, нема развој во македонското земјоделство беше заедничкиот именител на забелешките од претставниците на многу земјоделски здруженија од цела Македонија!

„Ние како национална земјоделска мрежа, сме за институционални решенија. Сметаме дека овој повик, овој собор денес ќе придизвика реакција кај надлежните институции и дека ќе имаме прифаќање на некои од нашите преднози. Дали ние не сметаме дека треба да има одредена промена во политиката на субвенционирање. Во растителното производство сме условени, со некои 0,7% по површина, односно кај животинското производство, со минимум 30 пчелни семејства, или  минимум 30 овци, минимум 30 кози, со минимум 3 крави. Во ситуација сега, кога во земјата се соочуваме со една нелојална конкуренција од надвор, каде ние имаме некој увоз над милијарда евра, и ни доаѓа роба со данпинг цени, која роба е субвенционирана од нивните држави, ние буквално сме неконкурентни и не можеме да се одржиме на пазарите. Од друга страна сведоци сме дека и откупните цени во државата се движат некаде околу производната цена или под производната цена. Така да, ние апсолутно сме неконкурентни. Сега сме исклучени и од државата, исклучени сме и од пазарите и вака не може повеќе. Средствата што се сега резервирани за земјоделието се многу скромни и буквално не’ ставаат во многу незгодна позиција. Значи, ќе бараме промени во моделот како се распоредуваат субвенциите. И најважното е да бидеме активно вклучени во изготвување. Ќе бараме средба со министрот, ќе бараме средба со премиерот и ќе ги предочиме сите наши барања,“ вели Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

И сточарите имаат забелешки на Програмата за финансиска поддршка за 2026 та, бидејќи велат дека субвенциите се исплаќаат нередовно, задоцнето и селективно. Паралелно со намалувањето на субвенциите и откупувачите ги намалуваат цените на млекото.

Ние не се сложуваме со министерот. Тој не врати наназад. Во 2024 та година ни даде авансна исплата од 4 000 денари која беше договорена од претходната Влада и остатокот од 8 илјади денари го зедовме дури во јуни пред штрајк. Сега за 2025 та година еве никој не му пречи, еве се’ е нивно: Влада, Министер, се’ е нивно, немаме авансна исплата, немаме редовна исплата, а еве годинита си помина. И тоа намалено од 12 илјади на 8 000 денари. Кажа дека 1 денар, од 5 на 6 денари се зголеми поддршката и тоа ќе било бум! Од друга страна млекарниците сите здружени како монопол, како маркетите и никој не ги казнува, одма ни го урнаа млеко денар, два, а сега ни го урнаа уште денар до два и имаме најави уште до три. Кој ќе чува стока тука, ќе јадите сите се знае какви производи?! Од друга страна најавено е дека ќе бидеме исплатени за 6 месеци за предадено млеко. Некои кооперанти зедоа 2 некои за 3 месеци. Тоа прекина, а сега ќе дадел за 3 месеци. Ние не бараме за семки, ние бараме да ни го исплати нашето, оти ние кога плаќаме нешто државно го плаќаме во целост. Половина кооперанти имаат земено субвенции за предадено млеко за 2, половина за 3 месеци. Јас имам земено до март 2025 та година, а некои воопшто немаат земено. Затоа пак се увезува млеко, им правиме услуга на некои држави со храна што не е млеко, вели Борче Бучински од Могила кој има забелешки и за условите кои се наметнати за стекнување право за субвенции.

Поледелците, производители на житни култури и сончоглед исто така реагираат на висината на субвенциите и на условите под кои може да се добијат во тој сектор.

„Заостанати субвенции има за регистриран земјоделец за претходните години: 2023, 2024 и 2025 та и субвенции по мерка 1.17 по основ на закаснети договори за државно земјоделско земјиште за продолжување – кога се сменуваше власта ни ги продолжија договорите, ама останаа субвенциите неисплатени. Овие субвенции ги бараме за 15 денови бидејќи се ближи пролетната сеидба.  За новата Програма за финансиска поддршка за 2026 та ќе прочитам 4 ставки:  Пченицата беше 19 000 денари од хектар, а сега е 18 000 денари од хектар  Јачменот беше 19 000, а сега е 13 000 од хектар;  Сончогледот беше 23 400, па 16 500 по хектар, сега е 10 500 денари по хектар;  Пченката беше 19 000, а сега е 13 000 денари по хектар.  Значи не се исплати да се произведува. Плус на ова од намалените суми имаме и изострени критериуми. Едно со друго не оди, ако изостриш критериум, тогаш дај му поттик да го сработи за да земе пари. Сега субвенциите помали, а критериумите поостри. Ставката за остварен принос од 6 000 сега е ставена во целокупната, значи ако не предадеш 3 тона по хектар површина пченица во откупните капацитети, ги губиш сите субвенции и по површина и по семенски материјал.  Предлагаме од нашето здружение да се направат корекции по сите ставки на Програмата за финансиска поддршка. За да не се прават корекции, бараме да се укини програмата и субвенционирањето од 2025 да важи за тековната 2026 та година. Потоа со текот на годината секоја гранка во земјоделството преку работни групи да изготвиме заедно со Министерството за земјоделство Програма за 2026 та, “ рече Миле Ќебакоски претседател на Здружение Фармери југозапад.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепската компанија Комфи Ангел со благодарност за секој вложен час испрати во пензија двајца свои колеги

Пензионирањето е ново поглавје во животот на човекот.Тоа е периодот кога завршува работникот век, но почнува нова можност, за нов начин на обликување на животот. А, лојалните работници, оние кои остануваат до крајот на својот работен век во компанијата, преставуваат двигател на успешноста на компанјата. Тие се оние вредни и...

(ВИДЕО)„Ретки херои посилни од стакло“ најмладите го одбележуваат месецот на ретки болести

Со низа активности, игра и работилници прилагодени според возраста на најмладите и учениците основци, децата учат за ретките болести. Во фокусот на соработката на ЈОУДГ„Наша Иднина“ и  ООУ„Блаже Конески“  Прилеп денес во градинката „Бајка“ во населбата Точила се реализираше перформанс на тема на ретката болест Епидермолиза булоза. Четвртооделенците рецитираа, играа...

За регионалното управување со отпад, Прилеп доби нова пратка канти

Општина Прилеп во рамките на „Регионално управување со отпад“ доби нова пратка канти за селекција на отпадот за домаќинствата. Од вкупно 8.318 канти од 120 литри, досега за општинава се испорачани 6.175. За Прилеп остануваат за испорака уште 2.143 канти. По комплетирањето на предвидениот број на канти Советот на Општина...