Прилеп од 20 до 23 февруари Прилеп ќе биде под маска. Започнува карневалот „Прочка 2026“ која оваа година бележи 25 години „Прилепски карневал“ и 100 години од традиционалната прилепска маска „Прилепски Мечкари“, заштитена од државата како нематеријално културно наследство.
„Овој обред на мечкарите, кој е ставен под заштита на државата е од големо и извонредно значење не само за локалната заедница туку и пошироко во национални рамки, затоа што со векови овој обред, односно оваа маска “Прилепски Мечкари“, е прецизно врзана за празникот Прочка и за одреден група на луѓе – прилепските касапи. А, маскирањето со кожи за Прочка во Прилеп постои како вековна традиција, со верување дека преку него се бркаат злите духови, за родна и плодна година.“ истакна на прес конференцијата Ванчо Ѓорѓиев, Претседател на Здружението „Прилепски мечкари“.
„Годинава го враќаме меѓународниот сајај на карневалот“, рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
Годинава го врајќаме меѓунарондиот сјајот на прилепскиот карневал “Прочка„, кој што оваа година слави два јубилеји, 25 години од постојањето и 100 години од традиционалата прилепска маска „ „Прилепси мечкари„ Прилеп два дена, од 21 ви- сабота до 22 февруари, в недела , ќе биде центар на карневалските случувања, каде на отворената карневалска сцена ќе продефилираа над 500 учесници, со групни и поединачни маски. Имаме маскирани групи од земјава и од соседните држави, а со своето присуство ќе нè почести и претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови (FECC), г. Ларс Алгел од Шведска. Новина оваа година е и тоа што на карневалот ќе настапи за прв пат и возообновениот дувачки оркестар “Прилеп“, а кафулињата ќе работата со продолжено работно време, затоа што наша грижата е да ја развиваме локалната економија“ рече градоначалникот и упати покана до сите граѓани на Македонија овој викенд да го посетата Прилеп, бидејќи како што рече тој, “ тука ќе биде центарот на добра забава и незаборавена маскебалска дружба’!
Карневалската „Прочека 2026“ започнува на 20 февруари со традиционалната изложба на маски/сурати, изложени во изложбениот салон на НУЦК Марко Цепенков, кои ќе бидат категоризирани и оценувани од стручна комисија, а најдобрите наградени. Детското карневалско дефиле од ООУ „Кочо Рацин’-Прилеп до централна бина на плоштад „Методија АндоновЧенто“ е во сабота, на 21 февруари, во 12.00, каде со групни маски учествуваа ученици од основните училишта. А, на Прочка в недела, на 22 февруари, ќе се одржи карневалското дефиле на маски. Почетокот е во 13:00 часот, а поворката ќе се движи од НУЦК Марко Цепенков по Булевар Гоце Делчев до Плоштад Методија Андонов – Ченто. Најдобрите, најуспешните и најоригиналните маски, категоризирани водве категории иновативни и традиционални, ќе бидат оценети од стручна комисија и наградени со парични ваучери, вклучтелно и најдобрата од најдобрите, Гран при награда за најуспешната маска, како највисоко признание на карневалот “Прочка“.
Карневалот „Прочка 2026“ ќе биде збогатен и со настапи на жонглери, кловнови, акробати, куклари и забава по маска во прилепските кафулиња.
„За времен на карневалските денови прилепските кафулиња ќе работата со продолжено работно време, а во вечерните часови ќе бидат организирни забави под маска за сите посетители. И, токму вака организран, со изложби, детски и меѓународни карневалски поворки прилепскиот карневал „Прочка 2026“ повторно потврдува дека преставува еден од највеселите и најпознати карневали во Македонија, кој покрај забавата, смеата и маскирањето, носи традиција на радост и проштавање. Карневалскиот офизијално завршува наредниот ден, на 23 февруари, со одбележување на т.н „Чист понеделник“, почеток на велигденскиот пост, кога во манастирот Св. Ѓоргија во Присад се одржува традиционален ручек на Здружението „Прилепски Мечкари“, истакна Снежана Ристеска, советник за култура при локалната самоуправа Прилеп.
Инаку, традиционален обичај „Прочка“ преставува одраз на етно – културниот идентитет на Македонија и е сврстена како уникатна појава на Балканот и Европа. Многувековното празнување на Прочка, веќе од 2001 прерасна во организирана културна манифестација „Прилепски карневал“ со меѓународен карактер, а на 21 Мај 2006 карневалот „Прочка“ стана член на Европската Федерација на Карневалски Градови FECC.









