Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен и против двајца вработени во КЈП „Водовод“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен и против двајца вработени во јавно претпријатие во Кочани за „злоупотреба на службената положба и овластување“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против A.К.(44), поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, З.Г.(53), вработен во претпријатието, Б.А.(64), исто така, вработен во претпријатието и против З.Ј.(55) поранешен вработен во јавното претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со кривично дело „соизвршителство“.
Второпријавениот, како претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, и трето и четвртопријавените, како членови на Комисија за спроведување на јавна набавка, во текот на 2021 година постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка на стоки – средство за превентивна санација од пожари на Градската депонија, при што составиле и усвоиле тендерска документација која содржела спецификација за продукти кои не постоеле на пазарот со цел да ја ограничат конкуренцијата меѓу економските оператори и фаворизирање на правно лице од село во општина Могила. Првопријавениот, иако бил должен да увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на КЈП „Водовод“ Кочани склучил договор со што му овозможиле на операторот да се стекне со противправна имотна корист од 1.406.306 денари.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани доби Еразмус+ акредитација и продолжува со интензивни проекти за модерна и безбедна настава

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани во последниот период бележи засилен развоен циклус преку национални и меѓународни активности насочени кон унапредување на наставниот процес и создавање поддржувачка и безбедна училишна средина. Најзначајна новина е добиениот статус на акредитирано училиште за активности и проекти во рамки на програмата Erasmus+, што претставува признание за квалитетот на работата и

Најново на пазарот уникатен украсен лим и 3D декоративни панели – „Јакимови лимари“

Единствено во Макдонија и пошироко „Јакимови лимари“ изработува и монтира уникатен украсен лим со специјализирани машини за таа намена, кои засега ги има само во Свети Николе. „Јакимови лимари“ изработува олуци, опшивни елементи, трапезоиден и керамиден лим. Најново! 3D  декоративни панели и даски од лим, внатрешна и надворешна декорација на ѕид со изолација. Сето тоа

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за повеќе сторени кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.И.(49) од с.Калиманци, виничко и А.А.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено „продолжено кривично дело“ во врска со