Прилеп добива Центар за E-услуги

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја од услугите кои се достапни на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Ова го истакна министерот за  дигитална трансформација, Стефан Андоновски во Прилеп, на одбележувањето на Денот на безбеден Интернет.

Во Прилеп обезбедивме да  отвориме Центарот за е -услуги, спроти Општината каде е местото познато за плаќање даноци и такси. Таму ќе биде канцеларијата на Министерството за дигитална трансформација. Сите услуги кои се нудат на националниот портал, сите граѓани на Прилеп, без да отвораат сопствен профил, ќе може да ги користат. Нашите вработени ќе отворат профил за да ја добијат услугата која ја бараат граѓаните, истакна министерот за  дигитална трансформација,  Андоновски.

Практично,  Центарот за е-услуги или канцеларијата на Министерството за Дигитална Трансформација, би значело, брзо, ефикасно и навремено  добивање на услуги  на граѓаните, без тие да мора да ги познаваат дигиталните алатки или да го познаваат порталот за услуги –uslugi.gov.mk , вели градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Се зафативме и ветивме еден проект кој што значи подобрување на квалитетот  на живот на граѓаните, намалување на гужвите и редиците кои ги имаат институциите при издавање на  документи. Ние би направиле уште еден увид, и еве јавно упатувам покана до министерот, уште еднаш да дојде , чисто за да ги презентираме алатките, за да им бидат корисни и поблиски на граѓаните, рече Проданоски при оваа прилика.

Со отворањето  канцеларијата на Министерството за Дигитална Трансформацијаова , Прилеп е на мапата  од 14те градови во Макеоднија кои имаа  Центар за е-услуги.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепската полиција уапси осум лица по масовна тепачка

На 25.05.2026 во 22:15 часот на ул. „Трајко Тарцан “ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од с. Пресил, крушевско  и С.К.(52) и Х.К.(18) од с.Саждево, крушевско. Според пријавеното, на 25.05.2026 во 19:30 часот С.К. и  неговиот син Х.К. движејќи се со патничко возило „пасат” на пат...

Опасност на улиците – се повеќе возачи управуваат возила без возачка дозвола

Во полцискиот билтен речисе секојдневно се информациите кои констатираат дека возачи управувувале возило без возачка дозвола. Од објавите, интересно е тоа што,  возачите не се малолетни и имаат право на добивање (полагање за) возачка дозвола, но го управувaле автомобилот без да имаат сообрајќаен документ, како потврда за знаењето за управување...

(Фото) И, мало и големо возеше велосипед на манифестацијата „Сите на велосипед“ во Прилеп

Повеќеод од 300 љубители на велосипедот, од мали до возрасни, од рекреативци до професионалци, денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 20-ти пат се одржа во Прилеп. Велосипедска тура, се одвиваше на релација Прилеп ( од...