Здружението „16 март 2025 Кочани“ го доби решението за изградба на меморијален простор во Стариот парк

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“.

Овој простор ќе биде наменет за трајно одбележување на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.

Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и се наоѓа помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Предвидено е меморијалот да има максимална висина до три метри, иако претходно ваков објект не бил опфатен во урбанистичките планови.

Со добиената одлука, здружението добива можност да започне со активности за уредување на просторот без потреба од класична градежна дозвола.

Во наредниот период ќе се работи на прибирање на потребната документација, како и на обезбедување финансиски средства преку донации, поддршка од компании и хуманитарни настани.

Претставниците на здружението упатија благодарност до Советот на Општина Кочани и до граѓаните за покажаната солидарност и поддршка.

Тие посочуваат дека целта е меморијалот да биде изграден во најкус можен рок и да претставува достоинствено место за сеќавање.

Во почетната фаза ќе се поднесе барање до Министерството за култура за одобрување на идејно решение, инспирирано од симболот на бесконечноста.

Проектот предвидува уредени патеки, амбиентално осветлување, клупи, фонтана, статуа на Богородица, како и камени плочи со имињата на 63-те жртви.

За реализација на проектот е најавена финансиска поддршка од Владата во износ од два милиони денари, а дополнителни средства ќе се обезбедуваат преку хуманитарни активности.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат