Полициски службеници денеска (8 февруари 2026 година) околу 15 часот во селото Глуво, скопско, го лишија од слобода М.Т. (39) од Кочани, кој бил во бегство од затвор. Апсењето го извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка и Полициското одделение Мирковци, по претходно распишана потерница по судска наредба. Според информациите, М.Т. бил баран поради бегство од КПУ Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна од 13 години и 11 месеци за сторени кривични дела по членовите 235, 236 и 237 од Кривичниот законик.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









