Притворен 38 годишен охриѓанец, кој во девет наврати измамил жители на Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Триесет и осумгодишен охриѓанец заврши во притвор. Тој се товари за измама на шест лица во Штип и три во Виница, со што се стекнал со над 3,5 милиони денари.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека расчистени се девет сторени кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни незгоди.

На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид – се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До Основното јавно обвинителство (ОЈО)- Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.

Според првичните информации 38 годишниот П.С се јавил на оглас за работа и во телефонски разговор од страна на непознато лице му било посочено дека за одредена сума на пари треба да оди на посочени локации и да зема пари, пратки, по што ги оставал на друга локација.

Измамите на територија на Штип, Кочани и Виница периодов беа зачестени, а жртви беа повозрасни граѓани, кои одговарале на телефонските повици дека на нивни блиски им требаат пари, за да не одговараат за учество во сообраќјани несреќи или дека под итно им се потребни операции од страна на лекар.

Извор: Нова Македонија

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница следната година се отвора туристичко- угостителска струка

Општина Виница информира дека како резултат на потребите и барањата од локалниот бизнис сектор, желбите на учениците и заложбите на СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, како и на локалната самоуправа и МОН – од учебната 2026/2027 година во тоа средно училиште ќе се отвори сектор „угостителство и туризам“ со образовен профил „угостителски техничар“. Главни иницијатори

Кочани го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Со низа активности, Општина Кочани во соработка со невладините организации „Авена“, „Анка“ и „Светла иднина“ ќе го одбележи 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Одбележувањето започнува денеска, 7 април (вторник),  на спортското игралиште во ОУ „Раде Кратовче“, каде што ЗГ „Авена“ организира турнир во мал фудбал со учество на екипи составени од Роми и Македонци.

Во нејзиниот втор дом – Промовирани две книги на Дедова

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа промовирани две книги од Ана Дедова – „Ѕидот на сеќавањето“, посветена на нејзиниот починат брат, Дејан, и збирката поезија „Моќта на пријателството“. Дедова најчесто пишува за сопствениот живот, за своите чувства и емуции. Нејзините стихови се директен одраз на нејзината реалност, а нејзиното поетско творештво претставува емотивен, автобиографски