Сведоштво на пожарникарот Паунов за трагедијата во Кочани: Пристигнавме во „Пулс“ пет минути по дојавата, имаше многу заглавени лица

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2:35 часот, а бил изгаснат околу 4 часот.

Пожарникарот Благој Паунов, кој со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило, на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше дека кога пристигнале на местото на настанот пет минути по дојавата имало многу заглавени лица и само малку чад како излегува од над влезната врата, и не можеле да го видат огнот, по што согласно процедура започнале да ги извлекуваат, нагласувајќи дека работеле во мешани тимови од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили, бидејќи секој сам ништо не можел да направи, а за извлекување на едно лице биле потребни најмалку двајца или тројца.

 

Паунов кој бил дежурен таа вечер, изјави пред судот дека дојава за пожарот примиле во 2:35 часот, по што за пет минути биле на местото на настанот како прво возило со колегата Дејан Георгиев, и почнале со извлекување на заглавените лица во дискотеката. Потоа како второ возило пристигнал и сменскиот командир и уште еден колега, а по нив и останатите колеги со уште две возила.

 

 

По пристигнување на местото бевме упатени од полициски службеници и ни направија место да се паркираме непосредно до дискотеката. Кога излеговме, на самиот паркинг имаше многу луѓе, од кои и доста паднати. Паднати имаше и на скалите, а на влезната врата имаше и заглавени повеќе лица кои бараа помош, изјави пожарникарот Паунов.

 

Кога пристигнавме на местото, вели, имаше само малку чад како излегува од влезната врата, ние не можевме да го видиме огнот.

Од искуство мислам дека бил пригушен и поради немање кислород не можел да се шири огнот.

 

Но нашата стандардна процедура е најголем приоритет спасување човечки животи.

Ние не гледавме пламен, моравме да ги извадиме лицата.

И кога дојде и вториот тим и тие извлекуваа прво, зошто не можеа да пуштат линија.

Веднаш пристапивме кон извлекување на лицата заглавени на влезната врата. Кога извадивме едно лице моравме да побараме помош од полицијата и двете лица од обезбедувањето и цивилни лица.

И така во мешовити тимови почнавме да ги извлекуваме децата.

Послабите полесно, а покрупните потешко и секој различно реагираше. Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг.

Други, пак од паника газеа врз нас и други деца за да излезат.

Кога го поднамаливме бројот, во тој момент веќе приметив дека пристигна брзата помош како и повеќе цивили и дека почнале да ги носат до болница, изјави сведокот.

 

По укажување дека и во билетарата има заглавени лица, пожарникарот кажа дека се пробил и во билетарата затекнал над десет лица кои веќе лежеле и не давале никави знаци.

 

Излегов и побарав помош. Откако ги извлековме сите имаше друга врата, помала во која имаше многу деца заглавени. Кога излеговме веќе приметив дека се пристигнати сите мои колеги и пуштени сите линии и почнато со гасење, изјави сведокот.

 

Потоа влегол внатре, бидејќи им кажале дека има заглавени и кај тоалетот, и од таму почнал да извлекува заглавени лица.

 

Потоа веќе бев изнемоштен и не можев повеќе да извлекувам лица и побарав замена и земав да гасам. На крајот од интервенцијата мислам дека беа извлечени уште две или три тела кои беа изгорени, изјави сведокот.

 

Пожарникарот рече дека не видел лично на часовник, но пожарот, од разговорот со колегите бил изгаснат во 4 часот.

 

Обвинителството, пред почетокот на денешното рочиште, се произнесе во однос на предлогот за обвинетиот Беким Хаџиу, предлагајќи му на Судот, доколку има доволно медицинска документација, бидејќи тие немаат, тогаш да направи замена на мерката со поблага.

 

Судот по ова, најави дека ќе се произнесе дополнително.

 

На крајот на минатото рочиште, бранителката на обвинетиот службеник во Министерството за економија, Беким Хаџиу, адвокатката, Софија Лаличиќ, побара на нејзиниот клиент да му биде укината мерка притвор.

 

Според Лаличиќ, Хаџиу е единствениот од Министерството за економија во притвор и во повеќе наврати изминатите 10 месеци била нудена гаранција.

Последен пат била понудена гаранција од еден милион и 260 илјади евра во недвижности, за кои наглсеи, ги дале семејството и пријателите на Хаџиу.

 

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот газдата на дискотеката Пулс Дејан Јованов Деко, реагираше пред Судот на тоа што се случи на минатото рочиште кога, како што рече, била направен директен притисок врз сведокот од страна на Обвинителството, што потоа предизвикало небулозни изјави, јавен линч и страв кај секој еден сведок што доаѓа да сведочи во иднина.

 

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од денеска започнаа Петровденските пости – Ви посакуваме Богоугодни пости !!!

Од денеска започна Петровденскиот пост, еден од четирите повеќедневни пости во православната традиција, посветен на светите апостоли Петар и Павле. Постот претставува период на духовна подготовка, молитва, покајание и воздржување, со цел верниците да се приближат кон христијанските вредности и верата. Петровденскиот пост завршува на 12 јули, кога се одбележува големиот празник Свети апостоли Петар

53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на