Апел за почист град! Комуналците за три дена собрале 98 црни вреќи со отпад од коритото на градската река

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Kомуналните работници од ЈКП  Комуналец Прилеп, интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река собирјаќи отпадоци донесени со последните врнежи од дожд, но и од отпад што. Комуналците тврда дека овој отпа  е несовесно исфрлан од граѓани и деловни субјекти на  зелените површини од градската река и во нејзиното корито.

Од општината апелираат до граѓаните и сопствениците на бизниси кои гравитираат околу Градската река, отпадот да се собира и да се предава на комуналните работници, наместо да се фрла во реката и јавните зелени површини. Во текот на само три дена, комуналните служби собрале вкупно 98 црни вреќи со отпад, што, според надлежните, укажува на потребата од подигнување на јавната свест и културата на живеење.

„Секој отпад има свое место. Во општината на речиси секој чекор е поставена соодветна комунална инфраструктура за одлагање отпад, потребни се само одговорност и грижа за заедничкиот простор“, порачуваат од надлежните служби.

Од општината упатуваат апел за поголема грижа и љубов кон градот, со цел зачувување на животната средина и уредување на јавните простори.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...