Прилеп подготвен за карневалот ПРОЧКА 2026

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од 20 до 23 февруари 2026 година ќе се одржи традиционалниот меѓународниот карневал „Прочка 2026“, во Прилеп.

Според програмата, на 20 февруари во 12:00 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на рачно изработени традиционални и современи маски (сурати).
Во сабота, на 21 февруари, точно напладне, ќе се одржи детската карневалска поворка, која ќе тргне од ООУ „Кочо Рацин“, а ќе заврши на централната бина на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“.

Наредниот ден, недела, со почеток во 13:00 часот, ќе биде меѓународната карневалска поворка, односно дефилето на маски, проследено со настапи на жонглери, кловнови, акробати и на куклари. Меѓународната карневалска поворка ќе се движи од Центарот за култура „Марко Цепенков“, по булеварот „Гоце Делчев“, до централната бина на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“.

Во понеделник, 23 февруари, во 12:00 часот ќе бидат одбележувањето на Чист понеделник  и традиционалниот заеднички ручек со Здружението „Прилепски мечкари“, кој ќе се одржи во манастирот „Свети Ѓоргија“ – Присад.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Ристески: Без потпис на Сојузот за новите цени нема да дозволиме компаниите да склучуваат договори

Остануваат уште месец и половина до крајот на откупот. Речиси во целост производството е предадено. До сега се преземени над 25 781 000  килограми ориентален ароматичен тутун по просечна цена 419, 15 денари. На терен има уште околу 200 тони од ланската реколта. Откупот според законот трае до 28 ми...

Апел за почист град! Комуналците за три дена собрале 98 црни вреќи со отпад од коритото на градската река

Kомуналните работници од ЈКП  Комуналец Прилеп, интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река собирјаќи отпадоци донесени со последните врнежи од дожд, но и од отпад што. Комуналците тврда дека овој отпа  е несовесно исфрлан од граѓани и деловни субјекти на  зелените површини од градската река и во...

Сериозни злоупотреби во прилепската болница- обвинение против девет лица поднесе ОЈО

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинителен акт против осум физички и едно правно лице за серија криминални дејствија во ЈЗУ Општа болница Прилеп. Обвинителството ги товари за продолжени кривични дела „Проневера во службата“ и „Злоупотреба на јавни набавки и јавни повици“. Според обвинението, поранешната директорка на ЈЗУ Општа болница Прилеп,...