Здружение Тутунски земјоделци: прецизни барања за фер откуп, реална цена и иднина на секторот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Здружението Тутунски земјоделци во соработка со други здруженија, производители и стручни лица од областа на одгледувањето на тутун во периодот најавен за прибирање мислења во однос на најавените измени и дополнувања на Законот за тутун и тутунски производи, поднесе прецизни предлог барања до Владата, ресорното министерство, Собранието, Стопанската комора  и пратениците.

„Преку овие барања сакаме да дадеме свој придонес како здружение – тутунопроизводството да се стабилизира и да има иднина. Не сакаме младите да ни заминуваат во странство,“ рече во телефонски разговор за Радио Пела Флоре Груевски, од Здружението тутунски земјоделци, производител од Могила.

Станува збор за шест точки кои се однесуваат на увозот на сиров тутун, начинот на пресметка на за дефинирање на откупната цена пред почеток на реколтата, надзорот и контролата на откупот и улогата на Сојузот – организацијата претставник во преговорите.

Прецизирани се 6 барања:

Целосна забрана на увоз на сиров необработен тутун, со која би се запрела нелојалната конкуренција и загрозување на домашното производство. Според Здружението недоволна е временски ограничената забрана која што сега е на сила за време на периодот од откупот на тутунот;
Прогласување на тутунот за историско-културно наследство (национално благо), како дел од македонската историја, традиција и културен идентитет на многу генерации производители;
Воведување јасно дефинирана и обврзувачка формула за пресметка на откупна цена, со која што според Здружението би се обезбедила просечна откупна цена на тутунот базирана на реалната производна цена, инфлацијата и најмалку 50 отсто надомест на трудот на производителите како долен праг;
Линеарно субвенционирање во висина од 100 денари по килограм предаден тутун за сите класи, со што би се обезбедил еднаков третман на сите производители и делумна компензација на растечките трошоци и вложениот труд. Дополнително секоја година да се врши процентуално усогласување и зголемување на износот на субвенцијата по килограм;
Обврзувачко мислење на Сојузот на тутунски здруженија – со што мислењето на Сојузот на тутунски здруженија во процесот на утврдување на откупните услови и цени да биде обврзувачко со дефинирани надлежности и одговорности;
Строг надзор и еднакви правила во целиот процес на откупот со што државата, преку Министерството за земјоделство и Државниот инспекторат за земјоделство, а од друга страна Сојузот на тутунските здруженија со своите повереници на вагите да обезбедат редовни и ефективни инспекциски контроли за време на откупот.

Воедно, ова барање опфаќа и старт и крај на откупот во ист ден за сите откупувачи, примена на исти правила за проценка, класификација и одбитоци за сите производители со исти правила за цреме на откупната сезона. Што се однесува на цените договорени во март тие да бидат прелиминарни, а конечните да се утврдуваат со анекс најдоцна месец денови пред почетокот на откупот.

Како што се наведува во образложението на Здружението на земјоделски тутунари целта на овие барања е фер откуп, реална цена, и во крајна линија иднина за тутунопроизводителите. Со примената на ваквите дополнувања и измени би се вратила довербата кон тутунскиот сектор, стабилизација на пазарот и одржливо тутунско производство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...