И покрај поволните снежни услови, ски-лифтовите на Пониква моментално не се во функција поради тековна тендерска постапка за избор на оператор, која според најавите треба да заврши во среда.
Сепак, зимската сезона на оваа планинска дестинација не е целосно запрена.
Ски-школите на Пониква активно функционираат и секојдневно работат со деца, кои ги прават своите први чекори на скиите под надзор на лиценцирани инструктори.
Радио Кочани зборуваше со Ратка Ефремова, да ја слушнеме изјавата.
Како можност за унапредување на ски-инфраструктурата, Зоран Атанасовски изнесе идеја сите постоечки ски-лифтови на Пониква да се поврзат и да функционираат како еден единствен систем.
Според него, ваквото решение би овозможило поефикасно користење на скијачките терени, подобар проток на скијачи и поатрактивна понуда за посетителите.
Пониква, според туристичките работници и познавачите на состојбите, има сериозен потенцијал да се развие во современ зимски туристички центар.
Природните услови, надморската височина и честите снежни врнежи ја прават погодна за подолга скијачка сезона, особено за рекреативци и млади скијачи.
ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ Е НА ЛИНКОТ:
https://www.facebook.com/share/v/1Dcqhwdbny/
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









