Горивата поскапуваат: за 1,5 и за 2 денари од литар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до 2 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.

Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар.

Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Среда без струја ќе останат неколку улици во Прилеп

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА поради технички захфат во ниско напонска мрежа на 27.05.2026год. (Среда) од 08.00 ч. до 10.00 часот на следните улици во Општина Прилеп : Ножот, Слаавеј планина, Александар Македонски, Сава Ковачевиќ, 5 – та Прилепска бригада, Октомвриска и Димитруја Чуповски, информираат од ЦУК – Прилеп.

Прилепската полиција уапси осум лица по масовна тепачка

На 25.05.2026 во 22:15 часот на ул. „Трајко Тарцан “ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од с. Пресил, крушевско  и С.К.(52) и Х.К.(18) од с.Саждево, крушевско. Според пријавеното, на 25.05.2026 во 19:30 часот С.К. и  неговиот син Х.К. движејќи се со патничко возило „пасат” на пат...

Опасност на улиците – се повеќе возачи управуваат возила без возачка дозвола

Во полцискиот билтен речисе секојдневно се информациите кои констатираат дека возачи управувувале возило без возачка дозвола. Од објавите, интересно е тоа што,  возачите не се малолетни и имаат право на добивање (полагање за) возачка дозвола, но го управувaле автомобилот без да имаат сообрајќаен документ, како потврда за знаењето за управување...