Премиера на филмот „Приказната за Силјан“ во Мис Стон во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 23 (петок) и 24 јануари(сабота) 2026г. од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“. Влезници на билетарницата од киното секој работен ден од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот!

„Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic.
Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.
Режисерка:  Тамара Котевска (Honeyland),
Кинематограф: Jean Dakar
Продуценти: Anna Hashmi, Тамара Котевска, Jean Dakar, Jordanco Petkovski
Продуцентски куќи: Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop
Монтажер: Мартин Иванов
Студио за тонска обработка: Aleksandar Protic / MIR MEDIA
Колор корекција: GHABHA Studios
Музика: Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio)
Консултанти за наратив: Верица Недеска, Трифун Ситниковски и Suz Courtiz
Во дистрибуција на: NATIONAL GEOGRAPHIC DOCUMENTARY FILMS
Протагонисти (Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски)
Времетраење: 80 минути

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во сообраќајка тешко повреден возач на мопед во Прилеп

На 14.01.2026 во 10:55 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) и мопед управуван од Ш.И.(60), двајцата од Прилеп. Во несреќата...

Прилеп се подготвува за Карневалот „Прочка 2026“

Во пресрет на празникот Проштени поклади – Прочка Прилеп се подготвува за традиционалниот Карневал кој што е еден од традиционалните настани и манифестации за градот. Градоначалникот Дејан Проданоски остварил средба со првите луѓе на Федерацијата на европските карневалски градови со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), г-дин Ларс...

Feniks Food House, куќа за храна – спој на младост и љубов кон татковината

Тие се млади, но искусни во својот занает. Тие се храбри и одлучни дека во татковината најдобро се остваруваат соништата. За неполна година од како си дојдоа од странство тие градат свој нов дом, а започнаа и свој бизнис за храна. Во Феникс Фуд хаус (Feniks Food House) се приготвуваат...