Општина Кочани ги повикува студентите што се пријавиле на Конкурсот за стипендии распишан од Општина Кочани, а кои добиле државна или друг вид стипендија, писмено да ја известат Комисијата за доделување стипендии при Општина Кочани со изјава дека се откажуваат од конкурирањето за општинската стипендија.
Според Правилникот за доделување стипендии од Општина Кочани, студентите не треба да се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании.
Известувањето да го достават до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или на е-адресата: georgievabinka@yahoo.com, најдоцна до 17 декември 2025 г. до 15:30 ч.
Дополнителни информации на телефон: 072 275 61
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









