(Видео) Им правеа “цепелини„ на Алкалоид – изгубија, но играа со срце, за публика

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ракометарите на Прилеп, изгубија на домашен терен од Алкалоид, (33-39), но потврдија дека и тие знаат да играат брза динамична игра и да дада максималени напори за да го потврдат својот квалитет пред надмоќниот противник. Синоќа тие играа за публика, даваа голови како да играат во “Бундес“ лига и изнудуваа низа аплаузи кај посетителите за речиси секој квалитете постигнат гол, а особено за оние атрактивните каде мрежата на противникот се полнеше и со „цепелини“.

Немаше дилеми кој ќе слави на оваа средба, но она што воодушеви е демонстрацијата на тимска хемија, борбеност и спортски дух што ги воодушеви и љубителите на ракометот. Во натпревар исполнет со динамика, каде победникот однапред се знаеше, играчите на Прилеп покажаа зрелост и тактичка дисциплина, оставајќи срце на терен.

На помоќните им се симнува капа, но не и знаме – така беше на теренот во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“, на вчерашниот натпреват меѓу Прилеп и Алкалоид. Прилеп дури им парираше солидно во првото полувреме, не дозволувајќи им на гостите рано да се одлепат на повисока предност. Па, на паузата се замина со три гола разлика за Алкалоид (16-19). Во второто полувреме поквалитетниот тим на Алкалолид отиде со предноста  дури на плус девет, но многуте голови 72 вкупно постигнати на овој натпревар, говорат за динамиката, битката и убавата ракометна атмосфера која публиката ја поздрави со аплаузи. Ете, тоа е Прилеп! Токму тоа го посакуваат љубителите на ракометот,  да го видат ракометен Прилеп повторно“буден„ и зрел за нови предизвици.

Димитар Димитриоски со десет и Денис Шабановиќ со девет гола, беа “моторот„ на тимот, но секој поединец беше дел од алката за убавата игра и заслужува честитки.

Информативно, со ова Прилепчани остануваат на осмото место од табелата,со 14 бода, во трка по место во плеј-офот .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...