Повеќе театарски претстави во одбележување 75 години од НТ „Војдан Чернодрински“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во рамките на одбележувањето 75 години од НТ „Војдан Чернодрински“ најавени се повеќе театарски претстави и настани :

„За нас почнува живот“ е современа трагикомедија за човекот кој сонува…што ќе биде изведена в понеделник од 20.00 часот на сцена 105. Претставата не се занимава со големите наслови на светот – туку со тишината меѓу двајца, со зборовите што не се кажани, со љубовта што опстојува и кога е скршена… Оваа претстава не е бајка. Таа е огледало.

И во тоа огледало не се гледа совршенство, туку мали луѓе со големи соништа, заробени меѓу идеали, разочарувања и трагање по среќа. Автор е Ѓерѓ Шпиро, режијата е на  Дејан Пројковски, улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Автор на музиката е Горан Трајкоски.

На 16 ти декември, вторник од 20.00 часот популарниот актер  Сашко Коцев  ќе го реализира неговoто стенд ап  шоу „Широк дијафазон“.

Гостувањата се дел од одбележувањето на јубилејот 75 години НТ „Војдан Чернодрински“, кој ве поканува на вечери исполнета со смеа, емоции и добра енергија.

Воедно театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска, на 13 декември ќе гостува во Никшиќ.
Веднаш по враќањето од Никшиќ, на 17 декември, среда, од 20.00 ч, на сцена 105 ќе биде изведена првата реприза на претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчанец заработи кривична пријава-возел пијан

Прилепчанец, синоќа при сообраќајна контрола во Прилеп бил затекнат како возел пијан со повеќе од два пати од дозволеното алкохол во крвта. Toj заработи кривична пријава :

Плинирани прекини на електрична енергија за 15 и 16 ти декември во Прилеп

Информација за планирани прекини на електрична енергија во Општина Прилеп и следните населени места: На 15.12.2025  и на 16.12.2025 17.12.2025 од  08:30 до 16:30 с. Старо Лагово и с.Ново Лагово. 15.12.2025 од 09:00 дп 14:30 дел од улица „Александар Македонски“ бб,  фабрика Комфи Ангел и населено место ЧУМОВО, ШТАВИЦА, место...

(Видео) Мермерниот комбинат со донација за детските градинки во Прилеп

Мермерениот комбинат – Прилеп донираше опрема за детските градинки „Наша иднина“- Прилеп. Донацијата, во вредност од 20 илијади евра,  вклучува шест клима-уреди, печатачи, машина за сушење,  ламинатни подови и детски шкафчиња – опрема, кој е распределена во сите објекти од установата . “Ова донација дирекно влијае на  подобрување на услови...