Проданоски во работна средба со британскиот амбасадорот Лосон

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон во присуство на претседателката на Советот на Општина Прилеп и прилепските пратеници. На средбата станало збор за потенцијалите на општина, бизнис климата, тековните и планираните инфраструктурни инвестиции, како и поволностите кои општината ги нуди за  потенцијалните инвеститори.

 Од страна на амбасадорот била презентирана работата на Британската бизнис асоцијација, со јасна определба за зајакнување на деловните врски и поголема поврзаност помеѓу компаниите, можност што отвора пат за нови инвестиции во регионот. На средбата се разговарало и за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, чија реализација опфаќа и капитални проекти од огромна важност, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, Воедно двете страни ја потенцирале важноста за зацврстување и продлабочување билатералните односи за подобрување на условите за живот, развој и економски напредок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчанец заработи кривична пријава-возел пијан

Прилепчанец, синоќа при сообраќајна контрола во Прилеп бил затекнат како возел пијан со повеќе од два пати од дозволеното алкохол во крвта. Toj заработи кривична пријава :

Плинирани прекини на електрична енергија за 15 и 16 ти декември во Прилеп

Информација за планирани прекини на електрична енергија во Општина Прилеп и следните населени места: На 15.12.2025  и на 16.12.2025 17.12.2025 од  08:30 до 16:30 с. Старо Лагово и с.Ново Лагово. 15.12.2025 од 09:00 дп 14:30 дел од улица „Александар Македонски“ бб,  фабрика Комфи Ангел и населено место ЧУМОВО, ШТАВИЦА, место...

(Видео) Мермерниот комбинат со донација за детските градинки во Прилеп

Мермерениот комбинат – Прилеп донираше опрема за детските градинки „Наша иднина“- Прилеп. Донацијата, во вредност од 20 илијади евра,  вклучува шест клима-уреди, печатачи, машина за сушење,  ламинатни подови и детски шкафчиња – опрема, кој е распределена во сите објекти од установата . “Ова донација дирекно влијае на  подобрување на услови...