Доделени наградите за најдобрите детски цртежи од ликовниот конкурс на Фондација Рудник САСА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во пријатна и топла атмосфера, во Македонска Каменица се одржа завршниот настан и свеченото доделување на наградите за најдобрите 12 детски цртежи од годинашниот ликовен конкурс „Рудникот и градот – низ времето и имагинацијата“, штого реализираше Фондација Рудник САСА.

На конкурсот годинава се пријавија 90 деца на возраст од 5 до 15 години, жители на општина Македонска Каменица, како и деца на вработените во САСА. За првпат, наместо цртежите да се изработуваат индивидуално, децата твореа во рамки на организирани креативни ликовни работилници, под менторство на локален ликовен уметник – педагог. Овој нов пристап им овозможи полесно да ја изразат својата имагинација, да се инспирираат едни од други и да ја прикажат својата визија за рудникот, градот и заедницата.

Независна комисија составена од надворешни експерти ги избра најдобрите 12 цртежи, кои најсилно ја отсликуваат поврзаноста меѓу рудникот, природата и секојдневниот живот на жителите. Авторите на избраните дела добија парични награди, а сите учесници беа наградени со благодарници и сетови за цртање и сликање, како охрабрување да продолжат да го развиваат својот талент и љубовта кон уметноста.

Најуспешните цртежи ќе бидат објавени во официјалниот календар на Рудник САСА за 2026 година, како и во други изданија посветени на младите таленти и локалната заедница.

Од Рудник САСА истакнуваат дека конкурсот, кој се организира по четврти пат, претставува значајна иницијатива за поддршка на детската креативност и за зајакнување на врските помеѓу рудникот и Македонска Каменица. Фондацијата најавува дека и понатаму ќе продолжи да инвестира во активности кои го поттикнуваат талентот, учењето и заедништвото меѓу најмладите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Троеручица – нов духовен бисер на храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село

Преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора веќе е дел од храмот „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде во изминатите денови пристигнуваат бројни верници за да се поклонат и помолат. Станува збор за една од најпочитуваните православни светињи, а нејзиното присуство во Штип се смета за настан од особено духовно

Успешен настап на ДПД Кочани на меѓународниот натпревар „ВИП 2026“ во Петроварадин

Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија. Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното  трето место. Упатуваме голема благодарност до домаќинот

Рибник „Глобица“ – Вистинскиот избор за освежување од летните горештини…

Мир,…природа ,…езеро, …река …и свежина во топлиот период кој доаѓа се на едно место …. . На само 15 мин возење Рибник ресторан „Свети Ѓорѓи Глобица“ е тука за вас и ви нуди во секое време свежа риба .. крап, сом пастрмка црвеноперка , чипс од крап , … морски специјалитети свежа ципура ,лаврак и