Кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ – промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на националната кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“, денеска во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките проф. д-р Наташа Георгиева и проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска.

Настанот го отвори директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, а делото го претстави  Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар од „Искра“.

Систематското и аналитичкото работење во областа на семејното насилство од страна на авторките резултирало со стручен материјал со богата теоретска основа базирана на научни истражувања, надополнета и со студии на случаи. Освен опис и структура на проблематиката на семејното насилство, во книгата „Азбука на семејното насилство“ се понудени и начините како тоа да се спречи. Книгата претставува лексикон со богато дефинирани поими од областа семејно насилство, што ја прави значајно четиво и за релевантните субјекти од областа, но и за секој поединец што сака да истражува и да се информира – рече Кочовска Салтирова.

За искуството при создавањето на книгата и за сегменти од опишани случаи на семејно насилство говореа авторките Георгиева и Јовановска Стојановска.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

PUBLIC Coffee Bar – Место каде што топлината на доброто друштво и музиката создаваат совршен амбиент…

Кочани, декември 2025 – PUBLIC Coffee Bar ја отвора зимската сезона со нова енергија и богата програма што ќе донесе топлина во студените денови. Со уникатна атмосфера, вкусни зимски пијалоци и внимателно одбрана музика, локалот станува омилено место за дружење и забава. „Нашата цел е да им понудиме на гостите нешто повеќе од кафе –

Кочани и Кратово со 100% неправилности: најцрни точки на фискалната мапа

Каде е најцрно на фискалната мапа на Македонија и во кој дел од државата фискалната сметка уште се доживува како „опција“, а не како обврска? Најновите податоци од Управата за јавни приходи покажуваат дека во дел од градовите секоја втора, а некаде и секоја контрола завршува со прекршок – јасен сигнал дека сивата економија не

Маж од Кочани кривично ќе одговара за насилство врз дете

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Џ.К.(62) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Како што информираа од полицијата, на 25.11.2025 пред угостителски објект во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани.