Прво место за учениците од СОУ „Орде Чопела“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Учениците Стефан Николоски, Ана-Марија Блажеска, Ангел Алексоски и Андреа Василеска во конкуренција од над 50 учесници, од 10 градови, две држави – Македонија и Шведска, 9 факултети, три средни училишта и 12 студентски организации под менторство на професорите Ѓорѓија Гагалески, Ивана Тодороска и Анастасија Матракоска со својата иновативна идеја Паметно урбано зеленило освоија ПРВО МЕСТО на хакатонот кој се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола на тема: Мултидисциплинарни предизвици на тројната транзиција: социо- економски, зелени и дигитални транзиции.

 Учесниците, своите интервенции (решенија), ги прикажуваа пред жири комисија од седум членови, составена од бизнисмени, професори, претставници на граѓанскиот сектор, како и стручни лица во областите на енергетика, храна и дигтализација.
На финалната презентација се преставија 11 тимови во две сесии, едната за средношколци, другата за студенти, кои преку принципите на тројната транзиција, одговорија и на методологијата CIMO и Context Intervension Mehanisms Outcomes) на предизвиците за храна, енергетика и инклузија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...