(Видео) Откупот на тутунот се одвива по предвидената динамика по просечна цена од 419, 6 денари за килограм

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Од 320 отворени се 207 ваги , досега се откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419, 6 денари,“ ова го изјави министерот за земјоделство и шумарство Цветан Трипуновски, кој денеска беше во посета на неколку откупни претпријатија во прилепскиот регион, каде што изврши увид во процесот на откупот на тутун.

Тој додаде дека од компаниите кои што се пријавени во Регистарот за откуп на тутун, само една компанија досега не отпочнала со откуп, но истата ќе започне на почетокот од наредната недела согласно планот и динамиката.

„Согласно податоците кои ги добиваме на дневна основа од Државниот инспекторат за земјоделство, до вчерашниот ден се откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419,68 денари.Секако може да биде повисока цената, но тоа е дел од компаниите. Овој старт на почетокот е задоволителен и останува да го следиме целиот тек на откупот на тутунот. Има зголемување во однос на лани, зa 19 денари. Работиме да имаме поуспешна откупна сезона од минатата. Субвенциите се дефинирани. За тутунарите имаме доделено и картички за зелена нафта што е дополнителна помош, зашто претходно тутунарите не беа ставени во оваа мерка. Тоа значи намалување на трошоците на тутунарите за производство на оваа култура. Дополнително, опфатени се и од мерката 6000 денари по хектар што влијае на вкупната сума која ќе ја добие секој тутунар,ама работиме оваа откупна сезона да биде поуспешна од лани –  рече министерот Трипуновски.”   Тутунарите првично се задоволни од откупот, но велат цената треба да се зголеми.

–  Годинава заради сушата имавме само 620 килограми.  Беше со добар квалитет и помина прва класа. Добро е, ама може уште подобро да биде. Цената треба да биде повисока, најмалку треба да биде околу 10 евра – вели Роза Колеска, долгогодишен тутунопроизводител.

Според податоците од Сојузот и Инспекторатот, досегашниот тек на откупот се одвивал во добра атмосфера и со добра динамика. Во оваа насока своето задоволството од откупотро изрази и откупувачат,  Тутунскиот Комбинат Прилеп.

Досега имаме откупено над 600 тони тутун, односно една четвртина од планирана количина. Откупен е во прва класа, по цена од 420 денари. Тутунот е квалитетен. Досега откупениот род е откупен во прва класа и одговорно тврдам дека се’ досега што е откупено е доста квалитетно и правиленисушен летен тутун. Исплатата се врши двапати неделно. Се надевам дека тутунарите ќе продолжат како досега со оваа добра паркатика на производство на добар квалитетен тутун.– изјави Александар Алексовски, директорт на Тутунскиот комбинат.

Министерот за замјоделије при оваа прилика најави дека тој и неговиот тим до последниот ден од откупот ќе бидат во контролана откупот , се додека не се собере последното ливче тутун, со надеж дека  оваа сезона ќе заврши успешно

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...