Прилеп се подготува за новогодишното славје со „Прилепска празнична приказна“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Под слоганот „Прилепска празнична приказна“ Прилеп се подготвува за новогодишната прослава. Градот е замислен како огромен новогодишен украсен новогодишен забавен парк,  каде за секого ќе има по нешто.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави  најпрво Новогодишен базар, богата програма исполнета со музички настапи, креативни активности, празнични декорации и разновидни содржини за сите генерации.

Тој истакна дека Прилеп оваа година ќе живее во вистински празничен дух, а посебна благодарност упати до компанијата „Витаминка“, покровител на базарот, која ја одбележува 70-годишнината од своето постоење. Компанијата, како што изјави тој, ќе внесе дополнително волшебство и празнична атмосфера во целиот настан.

Градоначалникот упати отворена покана до граѓаните да се приклучат и заедно да го започнат најубавиот период од годината, создавајќи ја „Прилепската празнична приказна“ која ќе донесе радост и заедништво во градот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...