Локални избори 2025: Злоупотреба на јавните ресурси – во 300 од набљудуваните 1000 настани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Теренското набљудување спроведено од 10 граѓански организации во периодот од 15 септември до 2 ноември 2025 за појавата на злоупотреба на административните ресурси во 26 различни општини, со опфат на предизборието, изборната кампања, изборниот молк и двата круга од гласањето, покажало дека најголеми злоупотреби на јавните ресурси има кај употребата на јавните објекти.

Најчесто користени биле училиштата и детските градинки, а потоа културните домови, општинските административни згради, музеите, галериите, спортските сали, стадионите и други јавни простории, стои во прелиминарниот извештај од Мониторингот спроведен под водство на Meѓународната фондација за изборни системи ИФЕС.

„ Беа следени вкупно 1.093 настани и активности од кампањата, од кои во 219 случаи беа користени јавни објекти или простори за настани во кампањата или за јавни настапи на кандидати, и во дополнителни 101 случај тие беа користени за други цели поврзани со кампањата – како што се изборни штабови, за координација, логистика или складирање материјали, вели Даниела Цветаноска, координатор на проектот од ЛАГ Агро Лидер, организација вклучена во теренското набљудување за општините Долнени и Струмица.“

Најмалку злоупотреби се забележани при користењето на службените возила : само 26  случаи во 7 општини, најчесто во Тетово и Боговиње.

Во Прилеп не била забележана сериозна злоупотреба на административни ресурси, а општинската администрација ја задржала својата функционална неутралност.

„Дел од кампањските активности се одржале во или во близина на јавни објекти, но не се утврдени индиции за дискриминаторски пристап или институционална поддршка на одредени кандидати. Исто така, не се регистрирани случаи на користење службени возила, ниту ангажман на државни службеници во политички активности за време на работното време. Полицијата и службите за безбедност, според извештајот, ја задржале својата неутралност во текот на целиот изборен процес,“ стои во извештајот на невладината Интерактив која спроведувала мониторинг за општина Прилеп.

Препораки произлегуваат од извештајот  подобрување на методологијата и конзистентност во следење на стандарден протокол за потврдување на случаеви, особено за користење јавни објекти и службени возила; да се прошири мониторингот врз комуникациски канали на институциите;  да се обезбеди еднаква територијална распределба на набљудувачи, со цел да се избегнат празнини во мониторингот во рурални или демографски специфични средини, меѓу другото посочува Талија Петреска, учесничка во мониторингот.

Во Прелиминарениот извештај од Мониторингот не биле опфатени сите состојби како што се:  Однесувањето на полицијата и останатите служби за јавна безбедност од аспект на нивната обврска за неутралност; Улогата на трети лица во поддршката на кампањата на кандидатите на изборите; Влијанијата што се вршат со практиките за злоупотреба на административните
ресурси врз ранливите и недоволно застапените групи, вклучително и врз жените, помалите етнички заедници и лицата со попреченост и Согледувања за состојбата со злоупотребата на административните ресурси за време на изборниот молк и на самиот ден на гласањето.

Конечниот извештај од теренското набљудување пред и за време на Локалните избори 2025 та ќе биде објавен февруари 2026. Тој треба да обезбеди и понатамошна оценка на состојбите за конкретни општини и споредба помеѓу општините, нагласувајќи ги забележаните добри практики за време на мониторингот, и ќе даде препораки за подобрување на законската регулатива и на праксата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...