Најуспешна општина во спроведување на инклузијата – признание за Прилеп на Денот на лицата со попреченост, 3-ти Декември

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп е “Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“  признание за Прилеп на Денот на лицата со попреченост, 3-ти Декември кое општината го доби од Здружението „Отворете ги прозорците„ и Детската фондација „Песталоци“  од тригодишниот проектот „Инклузија на деца со ПОП“, во која учествуваа 12 општини. Признането, општината го добива како потврда за пионерските чекори што ги прави во воспоставување општинско Инклузивно тело, во кое членовуваат претставници од основни училишта: наставници, стручни соработници, специјални едукатори и рехабилитатори.

“Ние како општина уште пред 4 години направивиме исчекор, кога и немаше законска обврска, па од основниот општински буџет ангажиравме образовни асистенти во освновните и средните училишта, бидјеќи како општина ги слушнавме потребите на граѓаните. Општина Прилеп моментно има 52 образовни асистенти, од кои 44 се во основните 8 во средното образование, но сметам дека   постои простор за ангажирање на поголем број асистенти за опфата заможност за вклучување на повеќе деца со попреченост во образовниот систем во Прилеп  Сето ова придонесува за она што е веќе како признание го добивме „Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“.Ова признание не е само награда, туку доказ дека заедно институциите, организациите, семејствата и поединците, успеавме да создадеме средина во која лицата со попреченост, децата со посебни образовни потреби, се рамноправни учесници во сите сфери на животот.“ рече  градоначалникот на Прилеп, Дејан  Проданоски, кои го посети Дневниот центар за деца со попреченост “Ѕуница„, еден од првите центри во Општина Прилеп, што 23 години активно се грижа за интеграција на децата со пореченост во заедницата.

Во Дневниот центар за деца со попреченост “Ѕуница„ згрижени се 14 деца, а исто толку  деца со церебрална парализа го посетуваат и Дневниот Центар за деца со церебрална парализа кои работи во составот на МЦСР-Прилеп.

„Во моментно се исполнети капапцитетите во двете установи за грижа на децата со попреченост,согласно бројот на вработени стручни лица. Потреба  има од дополните кадри за зголемување на бројот на згрижени деца, но за тоа ќе биде наша идна заложба за во иднина.„- рече Зоран Малкоски, диркетор на МЦСР – Прилеп, кои при оваа прилика им се заблагодари на сите донатори и невалдини организации кои помагаат до дневните центри во подобрување на условите за згрижување на децата со попреченост.

Во одбележувато на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3-ти декември, беше организиран и пригоден настан во киното „Мис Стон“, на која свои музички и рецитаторски точки изведија ученици од основните училишта, учениците со попреченост од посебните паралелки од ООУ „Климент Охридски – Прилеп“ и штетениците на Дневниот Центар за деца со попреченост „Ѕуница“- Прилеп, кои пренесоа силни пораки за важноста на еднаквите можности на сите.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...