Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во периодот од 22 до 31 октомври 2025 година, РудникСАСА,во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“,наменета за најмладите членови на заедницата.

Преку забавни и едукативниактивности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе за рециклирањето, заштитата на животната средина, општествената одговорност и емпатијата.

Во рамки на оваа еко кампања, децата на возраст од четири до шест години од ЈОУДГ „Бамби“, учениците од прво до петто одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и корисниците од Дневниот центар за лица со посебни потреби, предводени од своите наставници и асистенти, рециклираа пластични шишиња во вендинг машинатаво градот, донирана од Фондацијата на Рудник САСА. За секое рециклирано шише тие добиваа поени, а средствата добиени од рециклирањето, кои со одлука на менаџментот на Фондацијата на Рудник САСА беа неколкукратно зголемени, ќе му бидат ставени на располагање на Дневниот центар за лица со посебни потреби за набавка на потребните намирници.

Како награда за своето учество, децата добија симболичен подарок – еко торба, како и влезници за едукативната театарска претстава соеколошка порака „Марсовски пикник“, која беше изведена во Домот на културата во Македонска Каменица. Претставата, исполнета со хумор, музика и интерактивна игра, на креативен начин ги запозна најмладите со темите за рециклирањето и грижата за планетата Земја.

„Со оваа еко кампања сакавме да покажеме дека секое мало добро дело создава голема промена, како за заедницата, така и заживотната средина. Особено сме среќни што преку игра и забава ги вклучивме децата во процесот на учење за рециклирањето и солидарноста,“ изјави Марија Стојановска, раководител на Службата за заштита на животната средина во Рудник САСА.

Еко кампањата „Супер добри дела“ е дел од низата општествено одговорни активности што ги реализира рудникот САСА во рамките на својата долгорочна стратегија за заштита на животна средина, одржлив развој и поддршка на локалната заедница.

 

Македонска Каменица, 1ноември 2025

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицкоски за „Кочани 2030“: Ветеното ќе се реализира – најави присуство на дел од настаните по повод одбележувањето на годишнината од „Пулс“

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на новинарско прашање од Канал 77, за тоа дали има новитети околу проектот „Кочани 2030“ и ветените 100 милиони евра за обнова на градот кој ја претрпе ужасната трагедија во Пулс, посочи дека веќе се размислува за отпочнување на три проекти: „Апсолутно дека има веќе придвижување, ние

Уапсен насилник од Виница…

– На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Т.(59) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 03.03.2026 агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзниот дом во селото. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот

Тешко повреден пешак по удар од автомобил во Кочани

На 04.03.2026 во 06:55 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „мазда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Л.(57) од Кочани, удрило во Д.К.(47) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.К., констатирани во болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од