Општествена одговорност – Еко Пак Хит донираше клима уред за ЦК „Бели мугри“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри “ Кочани изразува јавна благодарност до пријателот и подржувачот на културата во градот, ЕКО ПАК ХИТ- Кочани, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување за добиениот подарок, еден клима уред – инвертер.

ЕКО ПАК ХИТ – Кочани, компанија која речиси 15 години се залага за повисока еколошка свест, ги препозна напорите на кочанскиот културен дом кон приклучувањето во создавањето на почиста и поздрава животна средина.
Со овој гест на општествена одговорност, ЕКО ПАК ХИТ го помага долгиот пат кон целосно еколошко загревање и ладење на просториите во кои се креираат и презентираат културни вредности, се наведува во соопштението на НУ ЦК „Бели мугри“ доставено до нашиот медиум.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ново – 🚗 МЕЛ МАР РЕНТ-А-КАР КОЧАНИ 🚗

🚗 МЕЛ МАР РЕНТ-А-КАР КОЧАНИ 🚗Твоето возило — твојата слобода! 🌍 ✅ Изнајмување на возила во и надвор од државата✅ Современи, чисти и сигурни автомобили✅ 24/7 достапност — кога и да ви  треба автомобил МЕЛ МАР е тука за вас !✅ Поволни цени и брза резервација 📱 Контактирај нè:👉 Facebook & Instagram: Mel Mar Rent

Грозданов: Со поддршка од Владата ќе реализираме голем број инфраструктурни проекти за развој на Кочани

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во ,,Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Грозданов најави реализирање на инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, меѓу кои се изградба на мостови, водоводна и канализациона мрежа, старечки дом со голем капацитет, како и зголемување на безбедноста во општината, регулирање на сообраќајот и

Проект од Еразмус + за морални норми за однесување на децата од предшколската возраст

Во рамките на Финалната Проектна Конференција се одржа Дисеминационен настан во Кочани во рамките на проектот ,,Едукативен пристап за запознавање со основните законските регулативи и морални норми на однесување за децата од претшколска возраст” – Акроним Децата и Законите организиран од страна на  ЗР АВЕНА Кочани и  ЈОУДГ Павлина Велјанова Кочани.  Проектот е финансиран од