Грозданов: Со поддршка од Владата ќе реализираме голем број инфраструктурни проекти за развој на Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во ,,Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Грозданов најави реализирање на инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, меѓу кои се изградба на мостови, водоводна и канализациона мрежа, старечки дом со голем капацитет, како и зголемување на безбедноста во општината, регулирање на сообраќајот и подобрување на хигиената.

Дел се веќе изготвени проекти, станува збор за големи капитални инвестиции кои веќе дел се во фаза веќе и на реализација, дел се во фаза на изработка. Другото кое најмногу не охрабрува, е што очекуваме огромна помош од страна на Владата на Република Македонија, како што ни е до сега кажано и дека приоритет број 1 во сите  овие години од мандатот ќе биде Кочани, вели Грозданов.

Грозданов зборуваше и за инфраструктура и инфраструктурните решенија, меѓу кои се изградба на мостови, спојување на булевар со магистрален пат, активирање на браната за водоснабдување на Кочани, поставување канализациона и водоводна мрежа, асфалтирање на улици, со цел подобрување на условите за живот.

Пред се, првично е завршување на еден источен булевар, спојување на јужен булевар со магистралниот пат кој се предвидува наредните 4 години, експресниот пат од Штип да се продолжи до Делчево. Планираме изградба на мостови кои се веќе во проектната програма, а се благодарение на унгарскиот кредит и се поддршка од самата Влада. Планираме активирање на браната која ќе го снабдува Кочани со вода, обновување и зголемување на капацитетите, поставување на канализација, водоводна мрежа на Пониква, асфалтирање на се што може по градот каде што нема асфалтирани улици, подобрување на условите за лицата кои уште немаат немаат во едно градско подрачје канализација, истакна Грозданов.

Грозданов додаде дека во завршна фаза е проект за изградба на државен старечки дом, а напомена и дека ќе се работи на зголемување на безбедноста, регулирање на сообраќајот и подобрување на хигиената во Кочани.

Во фаза е веќе на крај на реализација, уште се чека само изведувач за старечки дом кој ќе биде со огромен капацитет, кој ќе е многу важно дека ќе биде под државна капа, ќе е државен старечки дом, нема да е приватен.  Ќе се потрудиме за безбедноста на населението, ќе се потрудиме да го регулираме сообраќајниот метеж, да го исчистиме градот, заклучи Грозданов.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ново – 🚗 МЕЛ МАР РЕНТ-А-КАР КОЧАНИ 🚗

🚗 МЕЛ МАР РЕНТ-А-КАР КОЧАНИ 🚗Твоето возило — твојата слобода! 🌍 ✅ Изнајмување на возила во и надвор од државата✅ Современи, чисти и сигурни автомобили✅ 24/7 достапност — кога и да ви  треба автомобил МЕЛ МАР е тука за вас !✅ Поволни цени и брза резервација 📱 Контактирај нè:👉 Facebook & Instagram: Mel Mar Rent

Општествена одговорност – Еко Пак Хит донираше клима уред за ЦК „Бели мугри“

Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри “ Кочани изразува јавна благодарност до пријателот и подржувачот на културата во градот, ЕКО ПАК ХИТ- Кочани, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување за добиениот подарок, еден клима уред – инвертер. ЕКО ПАК ХИТ – Кочани, компанија која речиси 15 години се залага

Проект од Еразмус + за морални норми за однесување на децата од предшколската возраст

Во рамките на Финалната Проектна Конференција се одржа Дисеминационен настан во Кочани во рамките на проектот ,,Едукативен пристап за запознавање со основните законските регулативи и морални норми на однесување за децата од претшколска возраст” – Акроним Децата и Законите организиран од страна на  ЗР АВЕНА Кочани и  ЈОУДГ Павлина Велјанова Кочани.  Проектот е финансиран од