КК „Партизан“ – Освоени 8 медали на меѓународен турнир во Скопје

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
На  25 10 2025 год во Скопје во организација на Карате Клубот Металург и КФМ се одржа Меморијалниот Меѓународен Турнир НИКОЛА ГРДАНОВСКИ НИЌЕ на кој учествуваа клубови од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина и Косово.
Карате Клубот Партизан настапи со 6 натпреварувачи сите во Категоријата Борби во 10 тежински категории.
Освоивме вкупно 8 медали и тоа 1 Златна, 3 Сребрени и 4 Бронзени.
1. Злато освои Јован Арсов- Јуниори ( -76 кг)
2. Сребро освоија: – Јован Арсов- Јуниори ( +76кг) – Кумите тимот 2014/2015 год ( Стефан Донев, Лука Манасијев и Јордан Иванов) – Јован Арсов – Кадети ( +70 кг)
3. Бронза освоија: – Стефан Донев 2015год ( -30кг) – Стефан Донев 2015 год (-35 кг) – Алексија Данева – 2015 год (-44 кг) – Алексија Данева 2015 ( +44 кг) Честитки до сите кои настапија денес на турнирот.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за

Делегација од Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со