Се одржа 28. издание на „Деновите на медот“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Паркот на Револуцијата“ во викендов беше место на случување на традиционалната манифестација „Денови на медот“, која годинава, во организација на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани, го доживеа своето 28. издание.

На повеќе од дваесет штанда се претставија пчелари од целата држава, од Охрид до Пехчево. Излагачите понудија пчелни производи во различна форма, комбинирани со масла и други растителни продукти, што го зајакнуваат имунитетот и позитивно делуваат на здравјето. Се нудеше и опрема, неопходна за пчеларите.

– Идејата е промоција на медот и останатите пчелни производи. Медот треба да се конзумира во текот на целата година за да се види бенефит од него, рече Борчо Атанасов, претседател на ПЗ „Матица“ од Кочани, на чинот на отворањето на оваа традиционална манифестација.

Претседателот на Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија, Менде Трајковски, е редовен гостин на „Деновите на медот“ во Кочани. Тој, ПЗ „Матица“, го смета за едно од најактивните здруженија во регионот, што со различни активности придонесува за афирмација на пчеларството како економска дејност.

Пчеларите во Македонија од Министерството за земјоделство добиваат субвенција од 600 денари по пчелно семејство. Според Трајковски,  Европскиот пчеларски сојуз кој е формиран минатата година издал препорака до сите земји од Европската унија за дополнителна поддршка од 600 денари по пчелно семејство во 2026 година. Заклучокот е пренесен и до надлежното ресорно министерство кај нас, од каде е добиено ветување дека истото ќе се реализира.

Одржувањето на Манифестацијата „Денови на медот“ е поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Локалната самоуправа на Општина Кочани/

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Осветен новиот храм „Св. вмч. Георгиј“ во селото Блатец

Денеска, 26 октомври, кога Православната црква ја прославува Светата маченичка Злата Мегленска и светите маченици Карп и Папила, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го освети новоизградениот храм посветен на „Св. великомаченик Георгиј“ во селото Блатец, Виничко. По чинот на осветување, Митрополитот Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение со свештенослужители од Брегалничката епархија. На

КК „Партизан“ – Освоени 8 медали на меѓународен турнир во Скопје

На  25 10 2025 год во Скопје во организација на Карате Клубот Металург и КФМ се одржа Меморијалниот Меѓународен Турнир НИКОЛА ГРДАНОВСКИ НИЌЕ на кој учествуваа клубови од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина и Косово. Карате Клубот Партизан настапи со 6 натпреварувачи сите во Категоријата Борби во 10 тежински категории. Освоивме вкупно 8 медали и

KK „Кочани“ – Жетва од медали на меѓународниот турнир „Никола Грдановски-Нике“

На 25.10 2025 во Скопје при организација на Карате клубот Металург заедно со Карате федерацијата на Македонија се одржа меѓународниот турнир Никола Грдановски-Нике. Нашиот клуб учествуваше со 23 натпреварувачи од кои 7 во Кати и 16 во Борби. Со медали се закитија: Кати: Давид Тенев 2 место Петар Стаменков 3 место Јоана Митрова 3 место