Вистината да излезе на виделина! – 28. „Марш за ангелите“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Правдата и вистината да излезат на виделина, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ на 28. „Марш за ангелите“, чиј почеток и овој пат беше од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. При нивното марширање во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќето од кафулињата во градот, гостите, претежно тинејџери, стана од своите места и со молк им оддадоа почит на загинатите во мартовската трагедија

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно потресно обраќање, во кое, покрај другото, рече дека им е доста од неказнивост, од корупција и од молк.

– Каде се институциите? Каде е системот што требаше да не штити? Каде беа тие што седат во своите луксузни канцеларии, во меките фотелји,  платите што ги земаат од народни пари — а не видоа, не слушнаа, не почувствуваа дека пред нив се создава однадвор шупа, а внатре замок на монструм, запраша Манта Стојменова, мајка на Спире Стојменов, починат во пожарот во кочанската дискотека.

Протесниот марш, откако претходно ги помина Трговскиот центар, просториите на УЈП и Полициската станица, продолжи кон зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани, каде на влезната врата од оградата на овие институции, беа оставени фотографии од починатите во пожарот во „Пулс“.

Протестниот марш на родителите и нивните подржувачи заврши во „Паркот на Револуцијата“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на