Грозданов: Изградба на мост во Кочани кој ќе го реши сообраќајниот метеж

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Почитувани сограѓани,

Продолжуваме со вториот дел од кампањата за градоначалничките избори 2025.

Во моментот е 13:00 часот и се наоѓаме во централното градско подрачје на Кочани, каде се соочуваме со огромен сообраќаен метеж.

За сето тоа имаме соодветни решенија, кои сега ќе ви ги презентираме.

Едно од решенијата на ова место е изградба на мост кој ќе ги поврзува улиците ,,Лазар Андонов“ и улицата ,,Вера Которка“, која во голем дел ќе го реши сообраќајниот метеж на кружните токови.

Проектот е веќе изготвен. Ова ќе го реализираме со средства од Буџетот на Општина Кочани заедно со поддршката на централната власт.

Затоа на 2-ри ноември, направете го вистинскиот избор, број 9.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Кој последен се смее…“, на 24 октомври започнува „Ин Виница Веритас“

Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24. октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.  Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее…“, соопшти Александра

Библиотека „Искра“ – Денеска промоција на нова книга од Атанас Георгиев

Денеска во 17 часот, во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани, ќе се одржи промоција на петтата книга на роднокрајниот автор, Атанас Георгиев, ,,Три во едно” или ,,Каде лежи зајакот”, информираат од кочанската Јавна оштинска установа. Промотори се Иван Котев и Славица Цветкова, а издавач печатницата „Европа 92“.