Во Кочани тече гласањето на болните и изнемоштените пред неделните избори

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, денеска своето право на глас го остваруваат болните и немоќни лица, како и граѓаните кои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна.

Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, денеска гласаат 135 болни и изнемоштени лица, кои претходно се пријавиле за гласање од дома.

Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева, за Радио Кочани информираше дека гласањето се спроведува согласно изборните прописи и соодветни здравствени протоколи.

Во Кочани, изборниот ден ќе се одвива на 63 избирачки места, распоредени на 59 локации.

За избирачките места со помалку од десет запишани гласачи, гласањето ќе се одвива во најблиските соседни места.

За потсетување, граѓаните  избираат меѓу шест кандидати за градоначалник и девет листи за општинскиот совет.

Право на глас имаат 32.446 граѓани.

Денеска и утре важи предизборен молк, а гласањето утре ќе се одвива во стандардниот термин – од 07:00 до 19:00 часот.

На денот на изборите, граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности или повреди на избирачкото право преку бесплатната телефонска линија на Народниот правобранител – 0800 54321, која ќе биде активна за време на целиот изборен ден.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за

Делегација од Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со