Според статистичките податоци, во државата се вработени вкупно 702.410 лица, а само 538.869 биле на платен список. Разликата меѓу вработените и оние што не земаат плата и не е така мала и излегува дека вкупно 163.541 лице во државата не зело плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека дел од овие работници кои фигурираат како вработени земаат плата во плик или се вработени на црно и затоа ги нема во податоците на Управата за јавни приходи за исплатени плати
Околу 7.000 работодавачи во државата не им исплаќаат плата на своите вработени секој месец, а казната за неисполнување на обврската, односно за неисплаќање на платата во законскиот рок изнесува само 1.000 евра. Според статистичките податоци, во државата се вработени вкупно 702.410 лица, а само 538.869 биле на платен список. Разликата меѓу вработените и оние што не земаат плата и не е така мала и излегува дека вкупно 163.541 лице во државата не зело плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека дел од овие работници кои фигурираат како вработени се самовработени или земаат плата во плик и се вработени на црно и затоа ги нема во податоците на Управата за јавни приходи за исплатени плати.
Според податоците од УЈП во месец јуни 5.641 работодавач не поднел МПИН-пресметки за исплата на плата на 7.733 вработени, во месец јули 5.857 работодавачи не поднеле МПИН-пресметки за исплата на плата на 8.095 вработени и во месец август 6.645 работодавачи не поднеле МПИН-пресметки за исплата на плата на 14.977 вработени.
Од УЈП појаснуваат дека податоците за исплатените плати со кои располагаат се податоци од МПИН-пресметките поднесени од работодавачите во кои се евидентира вкупната бруто-плата на вработените, во која покрај основата плата се вклучени и сите додатоци на плата како минат труд кој задолжително се исплаќа секој месец, прекувремена работа, работа во ден на неделен одмор, ноќна работа. Согласно со Законот за минимална плата, минималната плата претставува минимален износ на основна плата, утврдена согласно со одредбите од законот, која работодавачот мора да му ја исплати на работникот за работа извршена со полно работно време.
Управата за јавни приходи нема податок за износот на основната плата без додатоци која работодавачите им ја исплаќаат на своите вработени имајќи го предвид начинот на кој истите ги поднесуваат МПИН-пресметките, во кои се евидентира вкупната бруто-плата која не е разграничена по одделни компоненти.
Работодавачите велат дека е точно тоа дека околу 163.541 лице се води како вработен, а не се на платен список, но дел од нив се самовработени, односно занаетчии, вработени на сопствени фарми, а дел се вработени на црно. Тие велат дека освен казни за ненавремена исплата на платата, плаќаат и камати за задоцнето плаќање на придонесите во УЈП.
Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека во државата преку 150 илјади вработени се во сива економија, односно се регистрирани како вработени, а не земаат плата.
– Во државата има околу 700 илјади вработени, а само 510 илјади работници земаат плата. Се поставува прашањето каде се останатите вработени? Тоа се повеќе од 150 илјади вработени кои се самовработени или работат на дневница, земаат плата во плик, односно работат на црно. Таа бројка не е воопшто мала и Државниот инспекторат за труд треба да утврди кој работи, како е вработен и како зема плата. Казната за работодавачите кои нема да исплатат плата во законски рок изнесува 1.000 евра. Но, доколку доцни со исплатата или воопшто не исплати плата, работодавачот, освен казната, мора да ги исплати и платите на сите вработени, појаснуваат од ССМ.
Од ССМ укажуваат дека во државата сè уште постојат фирми кои даваат дел од платата во плик, што значи дека за неа не плаќаат ниту пензиски придонес ниту здравствен, ниту данок. Уште потрагично е што и покрај толкавиот недостиг на работници, вработените во овие фирми не се осмелуваат да ги пријават газдите. Едноставно, ако им дојде преку глава, ја напуштаат фирмата и одат во друга, оставајќи и понатаму некои други да добиваат плик на рака. Такви случаи има и со регрес за годишен одмор. Имено, некои фирми со изговор дека имаат финансиски тешкотии, што е дозволено со Колективниот договор за фирмите од приватниот сектор, работниците земаат многу помал К-15 од минималниот.
Друг проблем е што во државата многу работници не се во редовен работен однос. Од почетокот на годината заклучно со 31 јули се евидентирани 111.620 засновани работни односи, а од нив повеќе од половината, или точно 61.911 се на определено работно време, покажуваат податоците од Агенцијата за вработување. Според Законот за работни односи, работникот на определено време може да остане до пет години, но газдата може да му ја смени работната позиција и така постојано да биде на определеното време.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.