Андов: Ќе формираме Советодавно тело од претставници на месните и урбаните заедници за подобра комуникација со Општинскиот совет

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за претстојните Локални избори, Александар Андов, денеска одржа прес конференција на која најави формирање на советодавно тело кое ќе има за цел поголема транспарентност и непосредна комуникација со Советот на Општина Кочани. Во целост ви го пренесуваме кажаното на прес конференцијата:

Со мнозинство советот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Кочани ќе се предложи одлука, сите месни и урбани заедници да бидат вклучени во советодавно тело кое ќе има за цел поголема транспарентност и непосредна комуникација со Советот на Општина Кочани.

Во ова советодавно тело ќе бидат опфатени претседателите на сите меснии урбани заедници, кои ќе ги претставуваат интересите и потребите на граѓаните од нивните подрачја.

На секоја месна и урбана заедница ќе и биде отворена посебна жиро сметка;т
на која ќе се префрлаат средства за:
-одржување на јавни површини
-поправки и мали инфраструктурни интервенции
-решавање на приоритетни проблеми идентификувани од самите жители.

Овој модел ке овозможи дел од општинските средства да се распредегуваат директно на локално ниво, слично на принципот по кој централната власт ги поддржува општините со средства по глава на жител.

Преку овој систем:

1. Граѓаните ќе можат да даваат предлози во своите месни и урбани заедници
2. Претседателите на заедниците ќе ги пренесуваат предлозите во советодавното тело.
3. Советодавното тело ќе ги дефинира приоритетите и ќе ги доставува до Советот на Општина Кочани.
4. Советот, во соработка со градоначалникот, ќе ги спроведува одлуките.

Со оваа пракса, секој жител на Општина Кочани ќе има можност директно да учествува со свои идеи, предлози ииницијативи, што ќе придонесе ‘за поефикасно решавање на локалните проблеми и подобрување на квалитетот на животот во заедницата.

Исто така, претставниците на месните и урбаните заедници kе имаат своја
општинска просторија, каде што секојдневно ќе можат да соработуваатсо советниците и општинската администрација.

Во таа насока сакаме да напоменеме и дека нa 15 октомври беше одбележан
Меѓународииот ден на белиот стап, ден посветен на лицата со оштетен вид. Овие лица во моментот немаат просторија која ја користат за нивни потреби, затоа највувам дека со одлука на совет ќе им биде доделена општинска просторија која ке си користат за своите потреби,

Почитувани граѓани ве повикувам на 19-ти Октомври да го дадете вашиот глас за за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и гласајте за број 9 и за Совет на Општина Кочани и за Грдоначалник за Д-р Влатко Грозданов.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.  

Кампања за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта – P170267 со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани спроведува проектна задача за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Како една од десетте општини во Македонија, Општина Кочани со ОУ „Никола Карев“ спроведе кампања во која беа опфатени учениците од сите одделенија. Едукативните

Јавно осветлување на улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани

Крак од улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани доби јавно осветлување. На неодамна асфалтираниот дел од оваа улица се поставени 8 метални столба со ЛЕД-арматури. Улицата „Генерал Апостолски“ ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, а на овој крак е изградена и велосипедска патека. Со цел да се подобри видливоста во вечерните часови на јавно-прометните и сообраќајните