Започнува реконструкција на дел од терасата од источната страна на Трговскиот центар во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од денеска започнува реконструкција на дел од терасата од источната страна на Трговскиот центар, со која ќе бидат поставени гранитни на местото на постојните обични плочки.

Избраниот изведувач „Исток мермер“ од Подлог, ќе работи на потег кој претходно не бил опфатен со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар.

На овој зафат му претходеше фарбање и поставување ограда од страна на Општина Кочани.

За реконструкција на дел од терасата во Трговскиот центар се наменети 1.907.381 денар, средства од Буџетот на Општина

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за

Делегација од Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со