Листата „Искуство за успех“ го најави спортот како еден од приоритетите во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Паркот на Револуцијата денеска се одржа прес-конференција на која се обрати Бојан Захариев поддржувач на изборната листа „Искуство за успех“, која на претстојните локални избори настапува под број 1.

Захариев ги истакна главните програмски заложби за кои носителката на советничката листа на ЛДП и коалицијата, Катерина Христова ќе ги застапува доколку биде избрана. Во своето обраќање, Захариев посебно се задржа на темата спорт, нагласувајќи дека подобрувањето на условите за спорт и поддршката на младите спортски ентузијасти се меѓу приоритетите на коалицијата.

Настанот е дел од изборната кампања на ЛДП и коалицијата „Искуство за успех“, која се стреми да понуди свежи и конкретни решенија за локалниот развој на Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а