Повторен огласот за јавно наддавање за организирање на Кочнскиот панаѓур

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

О Г Л А С

за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно  наддавање

Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“со вкупна површина од 3000 м2.согласно приложената скица.
Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 06.11.2025 год. до 09.11.2025 год. (четврток, петок, сабота и недела )
Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.700.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 20.10.2025 год.(понеделник) во 12.30 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.

Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.

Уплатата ќе се врши на ж-ска    210 0404839301 62    НЛБ Банка .

На јавното наддавање доколку се јави и еден учесник, ќе биде реализирано.

Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја превземе КЈП Водовод Кочани.

На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани, и да уплати 100.000,00 ден.како аванс кој износ ќе биде вкалкулиран во износот за подмирување на сметката за мрежарина тоес дистрибуција на електрична енергија кон КЈП,,Водовод,,Кочани-локација Градски панаѓур Кочани.
Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија за корисниците кои ќе имаат потреба од истата (грилови, крофни, шеќерен памук и друго).

Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи Договорот.

Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-112.
Огласот ќе трае до денот и часот на закажаното јавно наддавање (20.10.2025 год (понеделник до 12 часот и 30 минути).

 

 

                                                                                    КЈП,,Водовод ,,Кочани

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јорданчо Костадинов: Поддршката за земјоделците во Чешиново-Облешево продолжува

  Во општина Чешиново-Облешево денеска се одржа средба со жителите, на која кандидатот за градоначалник Јорданчо Костадинов и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трифуновски ги слушнаа нивните предлози и потреби за понатамошен развој на општината.   Преку заедничка соработка меѓу локалната и централната власт, ќе се овозможи натамошен напредок на општината, со посебен

На 17 и 18 октомври „ПАРК ПИВО ФЕСТ“ во „Александар Парк“ – Виница

ПАРК ПИВО ФЕСТ слави 10 години! Две ноќи, безброј насмевки и ритам што не запира! На 17 и 18 октомври, „Александар Парк“ ќе биде центарот на најдобрата забава – ладно пиво, скара на жар и музика што ја чувствуваш со цело тело! Доаѓај да наздравиме за 10 години незаборавни моменти! Резервации: 072 279 942

Ѓорѓиоски и Ситновска во Кочани реализираа Сатирична работилница за деца

Денеска  во просториите на ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани се одржа Сатирична работилница за деца, проект подржан од Министерството за култура и туризам. Работилницата ја водеа Миле Ѓорѓијоски, писател сатиричар и Софија Ситновска, илустратор. Од двајцата децата се запознаа со тајните на пишување и илустрирање на детските афоризми и епиграми. Покрај тоа, посетителите на работилницата