Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
„Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир во Кочани.

„Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. Со крената глава не се оди кај оние на кои им се вршеа притисоци за протести. Нема достоинство во ароганцијата и лицемерието“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Тој додаде дека никој што учествувал во градењето на системот нема право да се амнестира од трагедијата што се случи во Кочани.
„Јас нема да кажам дека сум дошол со крената глава. Дојдов како човек што е свесен дека политиката и политичките партии триесет години наназад се оние што го градеа овој систем. И никој нема право да се амнестира. Наназад не можеме да ги смениме работите, но можеме да извлечеме поуки – и да го смениме системот. Да ја смениме иднината“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче посочи дека болката на жртвите во трагедијата во Кочани е болка што не се заборава и празнина што не се пополнува никогаш.

„Ова е трагедија што не смееме да ја заборавиме никогаш – за тоа колку животот е кревок, колку брзо може да се изгуби сè и колку многу ни треба човечност, почит и грижа едни за други. Кога ги гледам лицата на родителите што стојат исправени и бараат правда и ги слушам нивните гласови полни со болка и достоинство, знам дека тие луѓе не бараат ништо повеќе од вистината и правдата“, нагласи Филипче.
Тој додаде дека СДСМ во изминатата година се бори за вистинска, искрена реформска промена на државата.
„Се борев да направиме темелни реформи во судството и институциите. Се борев да ја бутнеме оваа земја напред кон ЕУ – затоа што само така, верувајте, можеме од корен да ги смениме работите“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и