Проект „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ – Физичкото образование треба да е квалитетно, да обединува и да носи заедништво!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Кочани започна реализацијата на проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ вреден близу 15 илјади евра, обезбедени од страна на Бугарската развојна помош. Македонско – бугарската стопанска комора е имплементатор, а носител на активностите е ОУ „Никола Карев“.

Како дел од овој проект денеска во ресторанот „Аледар“ се одржа трибина насловена „Спортот важен за нашето здравје и здравјето на најмладите“, на која учествуваа 25 наставници по физичко образование од основни училишта од Кочани и регионов.

Се зборуваше за психолошко – педагошките аспекти во спортот,  за физичко образование кое треба да биде квалитетно, да обединува и да носи заедништво. Физичко образование кое што треба да помогне во изградување на личноста на најмладите, информираше, Ленче Алкеовска – Величковска, еден од тројцата излагачи на трибината, сите професори  на Факултетот  по физичко образование, спорт и здравје  при УКИМ во Скопје

Денеска разменивме  стручни, научни и искуствени моменти со професорите, ги потсетивме на сите аспекти важни за развојот на децата, во смисла како тие треба да се однесуваат, како да направат обична комуникација со нив.  Верувајте,  едно дете да се бави со спорт, тоа директно зависи од професорот по физичко, затоа што професорот во таа смисла  е неговиот втор татко или втората мајка, посочи Алексовска – Величковска.

Денешната трибина беше прва од низата активности предвидени да се реализираат во наредните неколку месеци.

Целна група се ученици од прво до деветто одделение, а во активностите акцент ќе им се даде на децата со попреченост, како и на девојчињата во контекст на промовирање на еднаквите можности и пристап до било кој спорт. Освен учениците, понатаму,  во проектот ќе бидат вклучени и нивните родители, со цел да се покажат вистинските вредност на образованието и врската помеѓу децата и нивните родители.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Виница вечерва ќе се одржи 54. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија

Вечерва во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржи 54. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија. Фестивалот претставува традиционална манифестација што ја организаат на Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории,, кои се занимаваат со филмска дејност. На 54. ДФНФ

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк,

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.